„Јас како граѓанин на овој град и како државјанин на СФРЈ се чувствувам должен да ја дадам оваа изјава. На 29 април 1976 година бев сведок на една немила сцена, на еден отворен атак на нашата земја, конкретно над нашата република. Имено тоа се случи во бифето на народниот театар во Куманово. Главниот иницијатор на таа сцена беше актерот при МНТ, кој работи во Скопје, а живее во Куманово – Горѓи Колозов . Истиот некултурно се вмеша во еден разговор кој се однесуваше околу патувањата во Грција, се водеше меѓу мене и Насковски Тодор- наставник во училиштетото „Крсте Мисирков“. Ѓорѓи Колозов се вмеша со прашањето: Што е таа инвазија во Грција, што луѓето наоѓаат таму и знаат ли каде идат? Зарем немаат каде да идат? Еве тука е Бугарија.“Вака почнува изјавата од студентот кој и пренесува информации на тајната полиција за еден од најпознатите македонски актери, Ѓорѓи Колозов.
Колозов бил кодошен во деновите додека студирал од своите колеги. Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстот од досието на Колозов, кое се наоѓа во 6-тиот том од „Црните страници на Удба“ , едицијаја која ја објави Државниот архив пишува дека актерот постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски јазик со свој колега.
Државниот архив на Македонија поседува 15 илјади досиеа во 630 илјади страници направени од страна на тајната полиција во периодот од 1945 до 2000 година. Се верува дека биле направени околу 120 илјади досиеа, но ги нема, па се претпоставува дека дел се уништени, а дел отстранети.
Кодошени биле познати личности од земјава од разни сфери на делување. Ниту уметниците не останале имуни на прогонот на тајната полиција. Во шестиот том од „Црните страници на Удба “ се опфатени 19 досиеја. Меѓу нив освен за Колозов има за Ристо Шишков, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Миле Неделковски, Бранко Варошлија и други културни дејци. Според објавеното ангажирани биле нивните секретари и соседи да ги набљудуваат и да и пренесуваат на тајната полиција што виделе и слушнале.Вака почнува изјавата од студентот кој и пренесува информации на тајната полиција за еден од најпознатите македонски актери, Ѓорѓи Колозов.