Ѓорѓи Сугарев

Ѓорѓи Сугарев (1876 – 23 март 1906) бил македонски револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.Сугарев ги сакал селаните и голем број од своето време го поминувал во разговори со локалното население, дискутирајќи околу револуционерните, селските и домаќинските работи. Тој по карактер бил извонредно тивок, спокоен и прагматичен: сакал да ги слуша советите на другите околу него и секогаш бил справедлив во својата проценка по какво и да е прашање. Тој имал тврд карактер и силна воља, крајно упорен во расудувањето и никогаш не отстапувал од еднаш земеното решение на дадено прашање. Тој ги поседувал сите квалитети за еден добар организационен раководител.
 Ѓорѓи Сугарев (1876 – 23 март 1906) бил македонски револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација. Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители,
Преживеаната сиромаштија во Ѓорѓи раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата кон турскиот аскер, а во младинските години таа добила сè поголем размер. Поради големите семејни оскудици Сугарев не успеал да заврши IV клас во Битолската бугарска егзархиска гимназија. Поради тоа, тој ја напуштил гимназијата и ѝ се оддал на учителската кариера, преку којашто успеал да го прави тоа што најмногу му лежи на срце. Тој учителствува во градотБитола, Битолската и Кичевска околија.
Во 1901 година, незадоволен од легалната дејност, Сугарев станал четник во демир-хисарската чета навојводата Никола Русински. Истата година, тој бил избран за член на раководното тело на Битолскиот револуционерен округ, и за да може да ја исполнува дадената организациска должност, тој повторно станал учител во Битола. Но шумниот град и арогантните чорбаџии создале презир кај Сугарев. Градскиот живот не го задоволувал неговиот боречки карактер. Тој ја напуштил Битола и со неколкумина другари започнал нелегална дејност во Битолската околија. Тој го јакне револуционерното сознание сред своите четници и, следствено, мнозина од нив стануваат војводи. Сугарев оди секаде каде што се чувствува потреба од неговата организаторска вештина. Тој ги посетил скоро сите села воДемир-хисарско, Кичевско, Ресенско, Крушевско и Поречјето.
Сугарев учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Тој бил назначен за горски началник во Битолско. Востанието го затекнало Сугарев во селата околу Битола. Уште од самиот почеток на востанието на 2 август 1903, војводата Сугарев учествувал во заземањето на селата околу Битола. Цели 3 месеци здружените чети под негова команда војувале против многубројниот противник. Водејќи десетици жестоки битки против осмалиската војска, тивкиот, скромниот и секогаш молчеливиот борец создал легенди за него сред локалното население. Тој се претворил во легенда за време на битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст, тој на својот народ му дал пример како се војува за својата земја.
По крајот на Илинденското востание, голем број на комити и војводи побегнале во Бугарија. Сугарев бил еден од малкуте раководители кои останале во нивните реони. По востанието, Битола и револуционерниот округ на организацијата се наоѓале во незавидна состојба. Неколку раководители го наметнувале и прашањето околу можноста за распуштање на округот, но Сугарев бил еден од првите следбеници на Даме Груев, кои стоички ја преживеал страшната катастрофа.
После востанието, Сугарев најмногу работел на борбата против грчката и српската пропаганда во Македонија. По неколку успешни акции против гркоманските и грчки чети во Битолско, по барање на Велешката организација, Даме Груев го испратил Сугарев во Велешко за да ја засили борбата против српската пропаганда.
Ѓорѓи Сугарев пристигнал во Велешко на 25 август 1905 година. Таму се сретнал со војводите Јован Алабакот и Панчо Константинов, кои во тој момент биле во меѓусебен конфликт. Сугарев успеал да ги помири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во Поречјето (Прилепско) и Азот (селата околу Богомила – Велешко). Следните неколку месеци, здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколувале селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на Глигор Соколовиќ. Сугарев во секое село одржувал говор и ја утврдувал наклонетоста на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО на чело со Сугарев, ја избегнувале секоја средба со неа. Сугарев бил немилосрден кон платените агенти на српската пропаганда. Додека бил во Велешко и Прилепско, тој ликвидирал десетина српски агенти – меѓу кои и неговиот сопствен чичко, којшто ја предал здружената чета на турските власти. Два пати четата имала судир со турки аскер. По наредба на Сугарев биле убиени и братот и внукот на Јован Бабунски (водичот на српските четници во Велешко) затоа што ја предале четата. Само еднаш се стигнало до поголема битка меѓу четите на ВМОРО водени од Сугарев и четите наСрбите водени од Соколовиќ – на 25 септември 1905 година во село Ореше. Во разгорот на битката пристигнал аскер и четите биле приморани да се повлечат од битката.
Значењето на престојот на Сугарев во Поречјето и Азот е во тоа што тој успеал да ги капсулира српските четници и да не им дозволи да излезат од Поречјето – затоа што целта на СЧП (Српски четнички покрет) била да го пробие фронтот на ВМОРО и да стигне до јужна Битола, каде би стапила во контакт со грчките андарти, и со тоа ВМОРО да биде парализирано. Во зимата на 1906година, една српска чета од Поречјето успеала да го пробие обрачот на ВМОРО и да се инфилтрира во Кичевско, со коешто се загрозува Крушевско, Демир Хисарско, Охридско и Струшко. Сугарев веднаш го напуштил Велес и се преместил во Кичевско, каде успешно ја разбил локалната српска чета, и го ослободил Кичевско од четниците на српската пропаганда.
За смртта на Сугарев постојат две верзии едната е дека на 24 март 1906 година Сугарев пристигал во село Паралово, кон селото се испратила илјадна војска која го опколила селото. Следувала битка, која траела цело попладне. Жртвите на Турците биле големи, но четата немала можност да го скрши обрачот. Гледајќи дека нема излез, Ѓорѓи Сугарев ги истрошил сите куршуми, а со последниот се самоубил. Со него загинала и целата негова чета од 21 комита.
а пак втората верзија  за смртта на Сугарев, која била пренесувана од колено на колено, Сугарев добил писмо од страна на четник во кое пишувало дека тој треба да дојде во Јени Мале во Битола на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата во организацијата и поради тоа што не можат да одлучат кој да биде локален војвода, исто така и за да се пресмета со грчките андарти кои наводно започнале сериозно да го повредуваат населението. Писмото било напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи се упатил кон тој регион. Во меѓувреме, Лигушев го набедува селскиот поп да му каже на Сугарев кога ќе дојде дека Лигушев ќе го чека кај манастирот, а во исто време им дал до знаење на османлискиот аскер дека четата на Сугарев ќе се појави на тоа место. Сугарев, заедно со својата чета се појавил на договореното место, но бил пресретнат од страна на османлиската полиција. Четата на Сугарев броела 25 луѓе кои тој ги раководел. Нападнати, битката траела скоро цела ноќ. Следниот ден, на местото на настанот биле пронајдени телата на 24 борци. Не било пронајдено телото токму на Сугарев.
Ѓорги Сугарев по големата битка со аскерот бил тешко ранет, но не починал. Сугарев успеал да побегне од османлискиот обрач и да се засолни во селото. Тој неколку часа безуспешно барал помош, но наводно и таму бил пресретнат од Лигушев или од Црни Петар, кој пак му го нанел последниот смртоносен удар.
Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка не се пронајдени до ден денешен. Ниту пак по долго долго пребарување на планинските места бил пронајден трупот негов од страна на Турците.

Ѓорѓи Сугарев (1876 – 23 март 1906) бил македонски револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционере

Пронајдете не на следниве мрежи: