За значењето од извештајот на Светската банка и големиот успех кој на него е нотиран за Македонија, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев говореше во вестите на Канал 5 телевизија.-Се работи за исклучително голем успех на Република Македонија. Извештајот е изготвен од врвната светска меѓународна финансиска организација, Светската банка која што има најголемо реноме, најголем кредибилитет, најголемо влијание и почитување од сите субјекти од сите земји. И тоа врз основа на методологија која што мери конкретни работи, реални работи, реални придвижувања. Тука не се работи за перцепции, не се работи за политички влијанија. Се мери дали е направен напредок, дали се реализирани мерки или не се реализирани мерки. Колку тие мерки што се реализирани го подобриле деловното опкружување, бизнис климата, амбиентот и колку тоа помогнало во подобрувањето на целокупната бизнис клима која што е од значење и за домашните и за странските компании. Дотолку повеќе што ова е една потврда за успехот на владините економски политики, дадена од релевантен фактор, без никакво влијание. Ова не е суд ниту на владата, ниту на владејачката партија ниту на опозицијата. Ова е суд на светската меѓународна, финансиска организација Светска банка, рече Ѓорѓиев.
Според него е особено значајно што е постигнато сериозно придвижување и Македонија се наоѓа на врвот на таа листа, во период кога земјата се соочува со одредени политички предизвици.
Целото гостување на Ѓорѓиев во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение:
-Се работи за исклучително голем успех на Република Македонија. Извештајот е изготвен од врвната светска меѓународна финансиска организација, Светс