Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ оствари посета на населеното место Миладиновци, општина Илинден.Со граѓаните разговараа за повеќе теми, за актуелната политичка состојба, за нивните проблеми и барања, како и за изборите кои претстојат.
-Бев на средба со граѓаните за да не чујат и тие нас во овие пресудни моменти за Република Македонија, пред претстојните вонредни парламентарни избори, а и ние нив и сите оние работи и проблеми кои ги мачат во секојдневното живеење. Тука сме за да ги потсетиме граѓаните што се направивме како ВМРО -ДПМНЕ во изминатиов период, а и тие нас што сме ветиле, а не сме оствариле. Тука сме исто така и да им кажеме пред кои се предизвици се наоѓа Република Македонија и какви се предизвици предстојат до денот на изборите со разни манипулации, шпекулации и лаги од страна на нашиот политички опонент СДСМ, кој во гола борба за власт не бира методи и средства како што е двојазичноста и федерализација на Република Македонија. Сведоци сме и на користење на изјавите на истрошени, криминогени и длабоко забраздени луѓе во криминал, кои со своите изјави треба да ги деградираат носечките луѓе од партијата ВМРО-ДПМНЕ, притоа заборавајќи дека и во партијата ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои одамна паметат и го паметат периодот на шверцот со сите акцизни стоки, транзицијата и улогата на тие структури во тој период, истакна тој.Со граѓаните разговараа за повеќе теми, за актуелната политичка состојба, за нивните проблеми и барања, како и за изборите кои претстојат.