Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, на покана на неговиот долгогодишен пријател, Републиканскиот Конгресмен од Флорида, Рон ДеСантис, од утре ќе престојува во Вашингтон и ќе ја има честа да биде дел од свечената инаугурација на новиот, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Престојот во Вашингтон ќе биде искористен за средби во Американскиот Конгрес.Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој со децении има успешен бизнис во САД, како општествен и политички активист кој има трајни врски со Републиканската партија имаше свој придонес во кампањата и победата на Доналд Трамп кој несомнено ќе остане запаметен како Претседател на обичните Американци кој работат напорно и секојдневно придонесуваат во економскиот развој на САД.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ.
Македонската Алијанса е уверена дека после 20 јануари се отвораат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската партија, може да се надеваме на поголем но принципиелен притисок на идната администрација на САД за почитување на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во Евроатланските интеграции на Татковината.
Битката за одбрана на најсветото, Македонското име и идентитет, продолжува!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој со децении има успешен бизнис во САД, како општествен и политички активист кој има трајни врски со Републикан