Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на средби со Американски Конгресмени

По повод инаугурацијата на Доналд Трамп за нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Македонската Алијанса ја соопштува следната вест:Во текот на вчерашниот ден, во Вашингтон Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, оствари средба со Републиканскиот Конгресмен од Западна Вирџинија, Александар Ксавиер Муни, кој во периодот 1999-2011 беше член на Сенатот на Мериленд и ја имаше честа да биде Претседавач на Републиканската партија во истата Сојузна Држава. Во моментов, Александар Ксавиер Муни е член на Комитетот за финансии при Американскиот Конгрес.
Утрово, во пресрет на инаугурацијата на Доналд Трамп, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, беше дел од работниот појадок кој го организираше Републиканскиот Конгресмен од Флорида, Рон ДеСантис.
Конгресменот Рон ДеСантис е член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес. Во моментов е Претседавач со Подкомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за повеќе актуелни политички случувања во САД кои се очекува да имаат сериозно влијание врз досегашните политики на одредени земји членки на Европската Унија.  Заеднички е впечатокот дека новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, ќе внесе нов дух во надворешната политика која ќе биде насочена кон дополнително балансирање на односите во ЕУ и НАТО.
Несомнено е дека Република Македонија ја бара својата можност исклучиво врз принципите на меѓународното право кои треба да бидат безусловно почитувани од земјите членки на ЕУ и НАТО. Евроатланските аспирации на Македонскиот народ мора да бидат реализирани на достоинствен начин без притисоци и условувања за промена на Уставното име и загрозување на Македонскиот идентитет.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ.Во текот на вчерашниот ден, во Вашингтон Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, оствари средба со Републикански

Пронајдете не на следниве мрежи: