Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, во интервју за Сител телевизија, ја образложи причината поради која Македонија го дала својот глас на Луис Фиго, а не на Сеп Блатер на неодамна одржаниот Конгрес на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).- Последните неколку години, ФИФА ја потресуваа бројни случаи и скандали со корупција, кои кулминираа непосредно пред конгресот. ФФМ веќе подолг период ги следеше збиднувањата. Ние секогаш сме за транспарентност во работата, сакаме да поттикнуваме позитивни промени во фудбалот, па затоа решивме, ФФМ да се обиде да придонесе во ставањето крај на негативните случувања во ФИФА, со цел враќање на угледот на светската асоцијација, но и угледот на фудбалот воопшто, изјави Ѓорѓиоски во интервјуто на телевизија Сител.
Претседателот на ФФМ, изминатиот викенд присуствуваше на завршницата на Лигата на шампионите, односно, финалето одржано во Берлин, каде биле остварени повеќе средби и со останатите федерации од Европа, како и членови на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), со кои е разговарано за актуелните состојби во ФИФА, пред се по одлуката на Блатер да се повлече од претседателската функција.
– УЕФА, сакаше да ги чуе мислењата на своите членки, нивните размислувања за понатаму. Ќе се направат сеопфатни и соодветни анализи, по што, ќе следува заеднички став на членките на УЕФА, меѓу нив и нашата федерација, како ќе се делува понатаму, заврши Ѓорѓиоски.- Последните неколку години, ФИФА ја потресуваа бројни случаи и скандали со корупција, кои кулминираа непосредно пред конгресот. ФФМ веќе подолг пе