четврток, 12 ноември 2026
Најново

Гори облакодер во Сибир. Евакуирани се 150 лица!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарникарите вложуваат огромни напори за да го изгасат пожарот кој почна да се шири во една станбена зграда во рускиот град Краснојарск, во Сибир. Сѐ уште не е позната причината за пожарот.Според Telegraph, евакуирани се 150 лица, а оганот од приземјето брзо се проширил на остатокот од 35-катницата и за малку ќе се проширел и на последните катови од зградата.
На терен моментално се наоѓаат повеќе од 100 пожарникари, а во гасењето на пожарот учествува и еден хеликоптер.
Делови од облакодерот паднале и врз автомобилите што се наоѓале во близина, предизвикувајќи оштетувања. За среќа, никој не е повреден.
Сѐ уште не е познато што го предизвикало пожарот.Според

Поврзани вести