Се разбудија „духовите“ од минатото на СДСМ во оној момент кога ЦИА ги објави декласифицираните документи, меѓу кои се најде и Македонија.Илјадниците документи на ЦИА поврзани со Балканот кои деновиве излегоа во јавноста откриваат, но и ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзини високи функционер во шверцот со разни стоки и кршењето на ембаргото кон Србија во 90-те.
За добро завршената работа, функционерите на СДСМ, биле наградени со соодветен надомест.
Еден од објавените документи на ЦИА од 1995 година каде што се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот кој е посветен на Македонија е запишано како власта од тогашната СДСМ на чело со своите врвни функционери земала мито за кршењето на ембаргото.
Во извештајот пишува:
„Македонскиот министер за надворешни работи, му призна на шефот на мисијата на САД во Скопје , дека неговата држава не може да применува строги санкции кон Србија. Врвни македонски функционери вклучувајќи ги премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски и министерот за транспорт Бузлевски – добиваат мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт.“
Извештајот на ЦИА и официјално ги потврдува криминалните дејствија кои ги правеле видни функцинери на СДСМ, истите именувани поединечно со име и функција која ја извршувале.
Извештајот открива и како функционирала шемата:
„Многу македонски фирми користат лажни документи за да и помогнат на Србија да ги избегне санкциите, пишувајќи се себе како краен импортер на стоките, во принцип наменети за Србија и како извор на извозот кој е од Србија. За паричен надомест, овие фирми се задолжени за подготовка на документите, складирање и транспорт на стоката.”
Документите потврдуваат и дека шверцот бил од енормни размери.
„Со мал прекин во почетокот на јули, секоја недела за време на последниот месец околу 1 200 полни камиони на недела, двапат во јануари – март околу 635 камиони –околу 130 вагони влегле во Србија. ”
„Главните непрехранбени продукти кои се увезуваат во Србија се метали, текстил, хемикалии и средства за подмачкување (лубриканти). Други увозни стоки кои се забележани од есента 1994 година вклучуваат: машини, машински делови, компјутери и сателитска опрема. Во текот на средината на јули, набљудувачите воочиле 9 пратки со компјутерска опрема. “, стои во извештајот.
Дополнително во извештајот пишува дека Македонија увезувала нафта на свое име, за после истата да продолжи кон Србија.
„Македонија исто така увезува и нафтени продукти за Србија, во овој сегмент недостасуваат податоци за да можеме да го потврдиме бројот. Во текот на март и април, 526 возни цистерни ја поминале српско-црногорската граница кај Табановце, според корпусот на ОН во Македонија, повеќето од нив веројатно биле со нафтени продукти.”
Во врска со шверцот на нафтени продукти, во извештајот е нотирано:
„Македонија исто така увезува и нафтени продукти за Србија, во овој сегмент недостасуваат податоци за да можеме да го потврдиме бројот . Во текот на март и април, 526 возни цистерни ја поминале српско-црногорската граница кај Табановце, според корпусот на ОН во Македонија, повеќето од нив веројатно биле со нафтени продукти. На 17 април САМ Македонија забележала 20 цистерни со лубриканти. При крајот на декември, Макпетрол пријавила до Владата потреба од увоз на нафтени продукти за Србија 30.000 тони ( 7,300 барели на ден).”
За шверцот кон Србија и кршењето на ембаргото сведочеше и Љубомир Магаш, српски криминалец кој активно учествувал во шверцот. Како што сведочи Магаш, партнерите од Бугарија во шверцот со нафта им купиле подарок, два автомобили Мерцедес S 600 – популарно наречени слонови, како поклон за успешната соработка.Илјадниците документи на ЦИА поврзани со Балканот кои деновиве излегоа во јавноста откриваат, но и ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзин
Пронајдете не на следниве мрежи: