Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Врз тоа се базираат и темелните вредности на Уставот.Последната одлука на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за проверка на уставноста на Законот за помилување во кој пред неколку години се воведоа ограничувања на кривичните дела за кои шефот на државата не може да даде помилување ја разбранува јавноста за тоа дали ваквата одлука на институцијата, која треба да го штити уставниот поредок не е политички мотивирана. Ова особено имајќи предвид дека одлуката дојде само неколку дена откако специјалната обвинителка Kатица Јанева го отвори случајот „Титaник“ во кој осомничени за кривични дела поврзани со изборите и гласањето се сегашни и поранешни функционери од власта. На тапет и на критики за ваквата одлука на Уставниот суд особено беа петте судии што гласаа иницијативата да биде прифатена. Предметот е во почетна фаза, но реакциите со демонстрации и фрлање јајца на зградата на Уставниот суд се интензивни. Нов протест веќе е закажан за денеска. Токму затоа ја прашавме претседателката на Судот и една од тие судии што гласаа за одлуката, Елена Гошева, кој е всушност нејзиниот личен став за демонстрациите и помилувањето, пренесува Дневник.
Г-ѓа Гошева, Уставниот суд изминативе десетина дена е буквално под опсада на демонстранти, кои изразуваат незадоволство од последните одлуки на Судот и тоа протестите се насочени кон пет судии, меѓу кои и Вие.
– Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Врз тоа се базираат и темелните вредности на Уставот.
Но, програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост (член 20 став 3 од Уставот). Во практикувањето на демократските принципи и темелните вредности на уставниот поредок мора да се има предвид дека никој како поединец или група нема ексклузивно право за себе и своите интереси, спротивно на уставните вредности на државата, со недемократски методи и средства, политички да профитира.
Освен од демонстрантите, критики стигнаа и од дел од интелектуалната сфера и од најголемата опозициска партија СДСМ, која атакуваше директно на Вас.
– Судот преку своето тековно работење е коректор на неуставните прописи и акти, меѓутоа во оркестрираното политичко дејствување, кое е интензивирано во последните неколку години, тој е на удар на неосновани критики и е дел од политичкиот рефлекс, генерално, да се негираат институциите на државата, меѓу кои и работењето на Уставниот суд. Но оценката и вреднувањето на овој суд не доаѓаат од аналитичка уставно-правна основа и анализа, туку во добар дел од субјекти што не се занимаваат со уставно право, ниту знаат кои се надлежностите на Судот, ниту каков суд е Уставниот или во крајна линија дел од оценката е од теоретичари, кои не ни влегле во објектот на Судот. Во нивното критикување се рефлектира исклучиво негаторско политичко дејствување, во чија основа е да се даде печат дека „ништо не чини“.
Сепак, Вие гласавте да се прифати иницијативата. Kој е вашиот став за помилувањето сторители на кривични дела поврзани со изборите и гласањето? Треба ли да го има?
– Во врска со поведената постапка на Судот за Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, потенцирам дека предмет на одлучување е оцена на уставноста на закон, а не примена на закон. Воопшто не станува збор дека сторителите на кривичните дела наведени во Kривичниот законик немало да бидат во постапките пред надлежните органи и судови. Со Законот за помилување се дава можност Претседателот на државата да го оствари своето уставно право да помилува како што е во сите демократски држави во регионот и пошироко.
Законот за помилувањето од 1993 година се применувал без никакви измени и дополнувања цели 16 години, а со измените и дополнувањата со Законот, кој сега се оценува од Уставниот суд на Република Македонија, од 2009 година, се врши уставно-судска анализа на тие измени, а не на уставното право за помилување, што е право на Претседателот на државата, такво право имал, има, и ќе има според Уставот. Мора да се согласиме дека тоа е стручно, а не политичко прашање. Од овие причини порачувам да се тргнат рацете на политиката од Уставниот суд и нагласувам дека Судот во историјата на своето работење имал негодувања од граѓани за своите одлуки, но тоа е дел од демократијата, која не треба да има елементи на манипулации и невистини поврзани со судии како поединци и Судот како целина.Последната одлука на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за проверка на уставноста на Законот за помилување во кој пред неколку години се вов