Готам, Син Сити, Камелот: Откриени се локациите на најпознатите фиктивни градови

Само затоа што одреден град не е реален, не значи дека не можете да го посетите. Од градовите кои што се појавуваат во познатите серии „Игра на тронови“, преку оние популарни филмови како што се „Град на гревот“ и „Враќање во иднината“, во продолжение ви донесуваме список на некои градови кои можете да ги посетите и буквално да прошетате во нив.1. Арендел
Овој град се појавува во Дизниевиот долгометражен анимиран филм „Заледено кралство“, но тоа е всушност норвешкиот град Наеројфјорд.
2. Бејзин Сити
Сите љубители на филмот „Град на гревот“, слободно можат да се упатат во Лос Анџелес ако сакаат да прошетаат по вистинските улици од познатиот фиктивен град, кој што се јавува во овој филм.
3. Камелот
Популарната британска серија „Камелот – Легендата за кралот Артур“, всушност е снимена на планината Виклоу во Ирска, која неретко е дом и на други сцени од сериите и филмовите.
4. Кејпсајд
Доколку гледавте некоја епизода од серијата „Досон Крик“, тогаш веројатно сте слушнале за Кејпсајд, фиктивен град во кој се одвива поголем дел од дејствието. Иако овој град не постои на картата на светот, постои Кејп Код, град во Масачусетс, кој беше главна локација за снимањето на оваа позната американска серија.
5. Ел Дорадо
Сите имаме слушнато за Ел Дорадо, но дали сте знаеле дека ова е само измислен назив за мистичен град од американската митологија? Ел Дорадо всушност се наоѓа на подрачјето на денешна Гвајана, во Јужна Америка.
6. Фервју
Веројатно многумина од вас сонувале да живеат во ова идеално гратче, во кое што живеат најпопуларните домаќинки на светот. Серијата „Очајни домаќинки“ е снимана во Гејтсбург, а познатата улица „Вистерија Лејн“ е снимана во студио.
7. Готам Сити
Ако сте љубител на Бетмен, тогаш веројатно сте слушнале за Готам Сити. Овој град е всушност Њујорк, што по многу работи може да се препознае.
8. Хогвартс
Хогвартс е името на популарното училиште од мегапопиларниот филмски хит „Хари Потер“. Иако Хогвартс не постои во вистинскиот свет, за потребите на снимањето е користено селото Гленцоу, во Шкотска.
9. Исла де Муерте
Прекрасните плажи, високите палми и постојаното сонце, се нешто што никако не се тргнуваат од небото. Кога би имале само еден обид да откриете каде се наоѓа познатото место од филмот „Пиратите од Карибите“, што би рекле? – Така е, Хаити!
10. Паркот Јура
Стивен Спилберг го избра хавајскиот остров Кауаи како место за имагинарниот парк Јура. Овој филм истовремено беше и едно од најголемите достигнувања на технологијата.
1. Арендел
Овој град се појавува во Дизниевиот долгометражен анимиран филм „Заледено кралство“, но тоа е всушн

Пронајдете не на следниве мрежи: