Говорот на телото ќе го открие Путин: Пентагон го проучува Путин за да ги открие неговите скриени намери!

Истражувачки тим на Пентагон го проучува говорот на телото на рускиот претседател Владимир Путин и другите светски лидери за да се обиде подобро да ги предвиди нивните потези, откриле документи на Пентагон, пишува Ју-ес-еј тудеј.Проектот „Телесни шифри“ (Body Leads), зад кој стои американската Канцеларија за проценки (ОНА) во рамки на министерството за одбрана, ги користи принципите на анализа на шемите на движењата за да предвиди како ќе реагираат светските лидери.
Американските политичари бараат каква било можна предност обидувајќи се да ги предвидат потезите на рускиот претседател, кој во последните недели им задава главоболки со испраќањето руски трупи на Крим, пишува Ју-ес-еј тудеј.
ОНА ја поддржувала работата на Бренда Конорс, директорка на проектот „Телесни шифри“, од 1996 година, а од 2009 година оваа канцеларија платила околу 300.000 долари на разни експерти за да соработуваат со Конорс, покажуваат документите.
Дел од работата на Конорс е и извештајот за ОНА од 2008 година за Путин, наречен „Движењата, мозокот и донесувањето одлуки, претседател на Русија Владимир Путин“.

Конорс признала дека го истражувала Путин и други лидери, но одбила да даде коментар за новинарите и ги упатила кај министерот за одбрана Чак Хејгел. Ни функционерите на Пентагон не сакале да коментираат за програмата, но потврдиле дека американската ОНА била вклучена и дека Путин бил меѓу лидерите кои биле истражувани.
Вработен во ОНА, кој сакал да остане анонимен бидејќи истражувањата не ѝ се достапни на јавноста, изјавил дека „целта е да се проучат движењата на националните лидери и да се одреди дали тоа може да се употреби за да се добие увид во нивните ставови, размислувања и слично“.
Иако Конорс не го коментирала актуелното истражување, таа претходно пишувала за движењата на Путин, вклучувајќи го и тоа што го дефинирала како „неправилност во начинот на кој оди“.
Таа во интервју за списанието Атлантик во 2005 кажала дека физичките проблеми на Путин „создале силна волја да се преживее и нагон да се врамнотежо и зајакне телото“.
„Тој е како лизгач на мраз кој имал проблеми со ногата и станал Олимпиец. Трогателно е да се набњудува. Тоа е длабока, стара повреда со која тој величествено научил да се справува“, изјавила тогаш Конорс.Проектот „Телесни шифри“ (Body Leads), зад кој стои американската Канцеларија за проценки (ОНА) во рамки на министерството за одбрана,

Пронајдете не на следниве мрежи: