Говорот на телото ве издава: Еве заради кои движења луѓето не ви веруваат!

Немојте да го нарушувате сопствениот кредибилитет. Без разлика дали лажете или ја говорите вистината, овие неколку гестикулации праќаат несвесни сигнали кои им говорат на другите да не ви веруваат и затоа треба да ги избегнувате.Дали ви се случило да разговарате со некој, а тој воопшто да не ве погледне во очи или воопшто да не ги помести рацете? Еве што значи тоа.
-Прениска гестикулација. Многумина од луѓето гестикулираат со рацете пред телото, во висина на рамениците или на градите. Ако вашите раце се спуштени пониско, тешко може да се воочат и на луѓето им делува дека нешто криете.
-Прсти во облик на смоквин лист: Луѓето ги ставаат рацете пред своите гениталии кога се чувствуваат непријатно, но и во знак на почит (овој гест често се среќава на погребите). Како и да е, тој може да означува и страв, но најчесто се асоцира со стравот дека нешто криете. Избегнувајте го особено во работните преговори.
-Дланки стиснати во тупаница. Ваквата положба на рацете ја покажува агресијата или супериорноста, или пак, дека сте затворени пред она што другата личност има да го каже. Избегнувајте ја гестикулацијата ако сакате да воспоставите врска со друга личност.

-Не ги поместувате рацете. Мнозинството луѓе мислат (а се покажало и како точно), дека говорењето без гестикулации е знак за неискреност. Оние кои лажно се грижат, знаат дека ќе ги издадат нивните раце, и затоа настојуваат рацете да им бидат мирни.
-„Затворено“ тело: Тоа би можеле да значат прекрстени нозе, или било кој друг начин на кој делувате ладно и со резерва, нервозно или премногу срамежливо. Тоа повторно би можело да значи дека сте неискрени и незаинтересирани да воспоставите добар однос.
-Држите некој предмет пред себе. Лаптоп, фасцикла, торба, книга, телефон… Кога ги држите пред себе, тоа може да значи или непочит кон соговорникот (најчесто во некои Азијски држави), или дека се „затворате“ и извлекувате од ситуацијата.
-Слушање без контакт со очите: Истражувањата покажуваат дека се гледаме во очи 50 проценти од времето додека разговараме, и 70 проценти од времето додека слушаме. Во спротивно, можеме да делуваме незаинтересирано, но и некултурно.Дали ви се случило да разговарате со некој, а тој воопшто да не ве погледне во очи или воопшто да не ги помести рацете? Еве што значи тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: