Македонскиот тенисер, Димитар Грабул, славеше на турнирот во Белгија.Нашиот тенисер, во финалето беше поуспешен од французинот Констан Лестиен со 2-1 во сетови.
Првиот сет му припадна на французинот Лестен со резултат 0-6. По убедливо загубениот прв сет, македонскиот тенисер направи вистински пресврт во вториот и третиот сет, во однос на играта.
Вториот сет, Димитар Грабул го освои со резултат 6-1, додека пак третиот 6-3 и со тоа го освои турнирот во Еупен.
Големата победа во Еупен ќе му донесе нови 18 поени на нашиот тенисер, па така се очекува нов напредок на АТП листата.
Ова е втора титула за Грабул, откако претходно го освои турнирот во Де Хан.Нашиот тенисер, во финалето беше поуспешен од французинот Констан Лестиен со 2-1 во сетови.