Кандапара борделот во округот на Тангаил е најстар и втор по големина во земјата- постои веќе околу 200 години. Срушен е во 2014 година, но повторно е воспоставен со помош на локалните невладини организации. Многу жени тука се родени, израснале и не знаеле каде да одат кога исчезнал.Бангладеж е една од ретките муслимански земји во светот каде проституцијата е легална.
Кандапара борделот во округот на Тангаил е најстар и втор по големина во земјата- постои веќе околу 200 години. Срушен е во 2014 година, но повторно е воспоставен со помош на локалните невладини организации.
Поддржувачите на борделот не веруваат дека сексот е работа како и секоја друга работа- и дека тие жени не сакаат да работата нешто друго. Жените се залагале за своите работнички права, и така кон крајот на година, Националното здружение на адвокати во Бангладеж го уверило судот дека иселувањето на сексуалните работници е незаконско дејствие. Сексуалните работнички брзо се вратиле во свои домови.
Денес овој кварт е опкружен со ѕид. Во тесните улици внатре се наоѓаат тезги со храна, продавници за чај и улични продавачи. Борделот е место со правила и хиерархија на моќ кои многу се разликуваат од остатокот од општеството.
Внатре во борделот, жените се слаби но и моќни. Најзагрозени се тогаш кога штотуку влегуваат во борделот- тогаш се нарекуваат врзани девојки и обично се на возраст од 12 до 14 години.
Овие девојки обично доаѓаат од сиромашни семејства и често се жртви на трговија со луѓе. Немаат слобода или права. Припаѓаат на една од постарите жени, често се во долгови и не им е дозволено да излегуваат надвор или да задржат пари.
Откако ќе ги платат долговите, од прилика помеѓу една и пет години, тие стануваат независни сексуални работнички. Тогаш можат да добијат клиенти и да задржат пари. Можат и да заминат од борделот, но поради стигмата со која се обележани надвор од својот „дом“ често се одлучуваат да останат и да продолжат да ја работат истата работа.Бангладеж е една од ретките муслимански земји во светот каде проституцијата е легална.
Кандапара борделот во округот на Тангаил