Градот Скопје изминатиов период направи повеќе за промоција на велосипедот како транспортно средство отколку во изминативе 40 години, велат од Град Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.
Во овој период започна обемниот проект за изградба на велосипедската инфраструктура „Скопје Велоград 2017“, со кој ќе се изградат и реконструираат велосипедски патеки во должина од околу 51 километар. Досега, од овој проект се целосно изградени околу 18 километри, а дополнително изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар, со вкупна должина од над 10 километри.
Тоа се 28 километри изградени и реконструирани велосипедски патеки!
Покрај ова, Градот Скопје, преку ЈП „Градски паркинг“ воведе системот за изнајмување велосипеди, започна поставување на паркинзи за велосипеди на повеќе локации, а од оваа година ќе издвои 10 милиони денари за субвенции на нови велосипеди за граѓаните, или ќе се субвенционира набавката на најмалку 2.500 нови велосипеди.
Велосипедската инфраструктура и субвенциите за набавка на велосипеди се само дел од проектите кои Градот Скопје изминативе неколку години ги реализира за остварување на систем на град со одржлив транспорт. Тука треба да се набројат и кампањите за користење јавен превоз, велосипед и споделување на автомобили, целосната замена на возниот парк со нови еколошки возила во ЈСП, почетокот на постапката за набавка на 50 електрични автобуси и др. За своите напори и активности Градот Скопје беше избран за финалист во изборот на наградата на „Европската недела на мобилност“, заедно со Лисабон (Португалија) и Малме (Шведска).
Активностите на Градот Скопје во оваа сфера се бројни, исто како и за проектите за подобрување на состојбата со загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје.
Она што СДСМ упорно одбиваат да го споменат во нивните смешни и патетични соопштенија е тоа што тие имаат направено за Градот Скопје на ова поле.
Многу лесно критикуваат капитални проекти, а притоа забораваат да кажат:
Зошто до 2009 година, долж булеварите и улиците во Скопје не е изградена или реконструирана ниту една велосипедска патека повеќе од неколку декади?
Каква е денеска велосипедската инфраструктура на улиците кои се во надлежност на општините каде локалната власт е во СДСМ и дали во нив е инвестиран еден единствен денар?
Дали се сеќаваат во каква состојба беше ЈСП и целиот возниот парк во 2009 година?
Дали се сеќаваат на финансиската состојба и состојбата со возниот парк и механизацијата на сите јавни претпријатија на Градот Скопје во 2009 година?Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.
Во овој период започна обемниот проект за изградба на велосипедската