Градежната офанзива во Скопје продолжува- капитални проекти во сите 10 општини

Започнаа градежните работи за темелна обнова на булеварот Ѓорче Петров. Реконструкцијата која ќе се изврши во должина од 1245 метри, ќе започне од кружниот тек кај СП Планет, па се до општината Ѓорче Петров.На почетокот на градежните работи на овој проект вреден 18,6 милиони денари, присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за тарнспорт и врски Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски.
Се очекува преку оваа темелна реконструкција да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се уреди просторот.
Груевски се интересираше и за темпото на реализација на другите проекти во општината Ѓорче Петров. Во моментов се продолжува улицата „Партизанска“ од кружниот тек кај Порта Влае па се до црквата Свети Петар и Павле. Овој проект се очекува да заврши до 12 јули.
Градоначалникот Трајановски информираше и дека наскоро ќе биде проширен булеварот „Борис Сарафов“, кој не беше целосно завршен поради имотно-правни односи.
– Она стеснување на булеварот „Борис Сарафов“ поради нелегални градби ќе биде надминато. Успеавме тие да бидат исплатени. Сега го решаваме проблемот со земјиштето така што ова лето и булеварот „Борис Сарафов“ ќе биде прооден во целата своја должина, рече Трајановски. Ќе има четири ленти.
Го информираше Груевски и граѓаните дека се работи на проект за улицата „Црногорска“, за Скопје да може да има два влеза и излеза кон западниот дел на земјата. Трајановски најави дека летото ќе започнат работите и на улицата „Волковска“.
Градежната офанзива во Скопје ќе продолжи и во идниот период. Во сите 10 скопски општини ќе има барем по два капитални проекти.
 

 
На почетокот на градежните работи на овој проект вреден 18,6 милиони денари, присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот з

Пронајдете не на следниве мрежи: