вторник, 24 ноември 2026
Најново

Градоначалници од југоистокот бараат средба со Заев за референдумите за рудниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалници од седум  општини од Југоисточниот регион по денешниот состанок во Валандово побараа најдоцна до утре да се сретнат со премиерот Зоран Заев за да разговараат за доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и референдумите за отворањето рудници во тие општини.Градоначалникот на Дојран Борче Стамов изјави дека го повториле заклучокот од последната седница на Југоисточниот плански регион и барањето Владата да се произнесе за прашањата на иницијативите за референдуми во југоистокот на државата за веќе доделените концесии за рудници, со кои, рече Стамов, се бара од општините да преземат дејствија кои се надвор од нивните надлежности.
– Констатиравме дека, иако Владата има законска обврска да се произнесе и да донесе соодветни одлуки за доделените концесии за истражувања или експлоатација на минерални суровини по веќе двата одржани референдуми во Гевгелија и Богданци, се уште нема доставено никакво известување, ниту се има јавно произнесено по ова важно прашање за граѓаните од сите општини во регионот, изјави Стамов.
Општините, потенцира, со одржувањето на референдумите, ќе потрошат големи финансиски средства за кои сметаме дека е подобро да се искористат за инвестиции во инфрастуктура, обрзование, туризам или други области, а на крајот не произведуваат никакви правни обврски за локалните самоуправи.
– Единствено резултатите од референдумите можеме да ги доставиме до Министерството за економија односно Владата. Поради тоа, бараме итен состанок со премиерот Зоран Заев, во врска со доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини. Состанокот бараме да се одржи најдоцна  утре и на него да присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, министрите за економија  и за животна средина, како надлежни институции за водењето на постапката и доделувањето на концесиите за рудници, изјави Стамов.Градоначалникот на Дојран Борче Стамов изјави дека го повториле заклучокот од последната седница на Југоисточниот плански регион и барањето Владата

Поврзани вести