Градоначалниците од Источниот плански регион побараа предвремени парламентарни избори за, како што велат, да се надмине актуелната политичка криза.При пуштањето во употреба на новиот Дом на кутурата во Македонска Каменица градоначалникот Дарко Митевски испрати порака за предвремени избори.
– Ние, градоначалниците од Источниот плански регион сме засегнати од оваа состојба и граѓаните од Источна Македонија и цела Македонија да бидат заложници на една група политичари кои не и мислат добро на независна Македонија. Бараме што поскоро да се избере датум за избори и да ја видиме поддршката на граѓаните на тој ден. Ние сме денес во Македонска Каменица, зборуваме македонски и сме за соживот со сите националнотси, ама во Макеоднија со македонски јазик, македонска химна и македонски симболи, рече Митевски.
Претседателот на Советот на Источниот плански регион Ратко Димитровски истакна дека на изборите граѓаните ќе имаат можност да одлучат.
– Се наоѓаме во бурни времиња, во моменти кога имаме поединци кои заради нивната политичка кариера го запоставуваат она што е главното, човечкото, грижата за човекот. Последните две години имаме назадување. Одовде порачувам дека ние во Источна Македонија кои долго време бевме заборавени, последниве години најдовме начини да инвестираме и да го подигнеме нивото на живот. Тоа ќе го продолжиме, а тоа го докажува народот со своето право на избор и своето право на гласање и очекуваме што поскоро да бидеме ставени на изборни листи и народот да каже кој е во право, рече Димитровски.При пуштањето во употреба на новиот Дом на кутурата во Македонска Каменица градоначалникот Дарко Митевски испрати порака за предвремени избори.