Градоначалниците од Источниот регион на денешната попладневна средба во Берово покрај темите за кои распрваа од делокругот на одлучување, излегоа со заедничко соопштение на најавата за воведувањето на двојазичност. -Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставуваме на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат, односно на раководството на СДСМ и албанските партии, се наведува во заедничкото соопштение.
Претседателот на Источниот плански регион Ратко Димитровски, рече дека тоа би било единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава некој да помисли да воведе такво нешто.
– Единствени сме и ќе се заложиме во сите нивоа да не помине такво нешто во законодавниот дом, истакна Димитровски. -Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставу
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.