Градоначалниците застанаа во одбрана: Бакрачески, Заткоски, Колев со силна поддршка за Талески

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, оцени дека Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник и пред се многу добар човек, кој не би ги прекршил законите на РМ. Градоначалникот на Босилово, пак, Љупчо Колев, изјави: Закон за јавни набавки е донесен под сугестии и директиви на Европската унија, градоначалникот нема големо влијание врз набавките на стоки и услуги во општините, а за она што се товари г-динот Талески времето ќе покажe дека било во согласност со сите законски прописи.-Јас лично го познавам градоначалникот Владимир Талески и го познавам како чесен и пред се многу добар човек и не верувам дека би направил дела со кои би ги прекршил законите на Република Македонија. Верувам дека низ една регуларна судска постапка или правна процедура тој ќе го докаже тоа, рече Бакрачески.
Градоначалникот на Охрид исто така изрази и верба во правосудниот систем на РМ и во судските органи.
-Верувам дека тие ќе донесуваат одлуки, односно ќе судат во согласност со востановената судска пракса и според Уставот и Законите, а ослободени од политички влијанија и идеолошки предрасуди, додаде Бакрачески.
 
-Како градоначалник на општина Кривогаштани, комплетно сум убеден во чесноста и поштеноста на господинот Владимир Талевски и сметам дека сите политички хајки кои што  се одвиваат во овој период во Република Македонија се чисто деструктивни, вели градоначалникот на Општина Кривогаштани, Тони Заткоски.
-Со таквиот начин на дејствување, доаѓа секој во Македонија да претставува некој експерт, носи правда на своја рака и сметам дека треба да ги оставиме сите судски институции да си ја реализираат својата работа, а не да подлегнуваат под тие притисоци, рече тој.
 
-Со градоначалникот на Битола, Владимир Талески се знам од поодамна, ние со него два мандати сме членови на управниот одбор на заедницата на единицата на локалната самоуправа во Македонија и го познавам како човек кој секогаш знаел да даде конструктивни предлози во врска со измена или подобрување на законските решенија кои ја регулираат проблематиката на локалната самоуправа, односно забрзување и поуспешно реализирање на процесот на децентрализација. Во врска со последните случувања како градоначалник знаејќи ги законските прописи знам дека градоначалникот нема многу влијание врз набавките на стоки и услуги во општините и имајќи предвид дека имаме закон за јавни набавки кој е донесен така да речам под сугестии, под директиви од страна на Европската унија и знаејќи го и  Талески верувам дека за она што се товари, времето ќе покажи дека било во согласност со сите законски прописи и законската регулатива која ја третира проблематиката на набавка на стоки и услуги во општините односно во случајот во училиштата кои се под надлежност и ингеренции на општината, вели градоначалникот Колев.-Јас лично го познавам градоначалникот Владимир Талески и го познавам како чесен и пред се многу добар човек и не верувам дека би направил дела со

Пронајдете не на следниве мрежи: