По претстојните парламентарни избори, лозарите ќе добијат дополнителни субвенции, најави денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.Одговорајќи на новинарски прашања, Панов објасни дека станува збор за вонредна поддршка по штетите што ги претрпеа лозарите изминатата гроздоберска сезона.
– Поради несериозниот однос на дел од винарниците, на некои од производителите им скапа грозјето или им остана несобрано иако во мал процент, додека други мораа да го складираат и во домашни услови од него да прават ракија. Имајќи го сето тоа предвид, сметав дека во мојот ангажман пред владините институции, главно требаше да биде обезбедувањето на дополнителни субвенции за лозарите. Мислам дека средствата се обезбедени, но веројатно поради периодот во кој се наоѓаме, исплатата не може да се одвива сега, истакна Панов.
Тој изрази уверување дека по завршувањето на изборите, граѓаните, како што рече, ќе ја слушнат среќната вест за дополнителните финансии.
– Имам сознанија дека тоа не се два или три денари за килограм, туку дополнителна мерка која се врзува за хектар површина, информира градоначалникот.
Осврнувајќи се на изминатата гроздоберска сезона, напомена дека не сите винарски визби ја искористија можноста за субвенционирање која им беше понудена од Владата. Тоа го сторија само винарниците кои имаа капацитет и визија како тоа што ќе го откупат, да го преработат и продадат.Одговорајќи на новинарски прашања, Панов објасни дека станува збор за вонредна поддршка по штетите што ги претрпеа лозарите изминатата гроздоб