Граѓаните да се потсетат какви и кои реформи биле направени кога владеел СДСМ

На конгресот на СДСМ гледам стари лица што ги изгубија изборите во 2014 и 2016 година и на некој начин успеја да дојдат на власт, дадоа сериозни и крупни ветувања поради што луѓето со право имаат очекувања, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.– Ги гледам горе доле истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење по корупција, криминал, неработење, лажни ветувања, манипулации, лажни информации, обвинувања на противникот наместо фокус и концентрација на нови проекти и на нешто што ќе го подобри животот на народот. Се фокусираат на опонентите за да ги оцрнат и да фрлат лаги и невистини врз нив, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по официјалното пуштање на германската инвестиција за производство на индустриски и технички текстил – Лутекс во погоните на „Нонча Камишева“ во Велес.
Тој посочи дека СДСМ секогаш кога доаѓа на власт ветува реформи и сами се нарекуваат реформска влада. Но, нагласи, ние не се сеќаваме на ниту една реформа од СДСМ.
– Секогаш со фамфари доаѓаат во владата и кажуваат какви се не реформи ќе направат, каков живот ќе донесат, како ќе биде подобро, рече Груевски и побара од граѓаните да се потсетат какви и кои реформи биле направени кога владеел СДСМ.– Ги гледам горе доле истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење по корупција, криминал, неработење, лажни ветувања, манипулации,

Пронајдете не на следниве мрежи: