Денеска 30-ти ден по ред граѓаните се на улиците со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Еден од организаторите на иницијативата Богдан Илиевски побара од претседателот да не подлегне на притисоците и да не даде мандат на луѓе кои се качиле на тиранската платформа.-Триесетти ден по ред доаѓаме тука пред народната канцеларија на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов Иванов, 30 дена му повторуваме да не подлегне на притисоците, да не даде мандат на луѓе кои се качиле на тиранската платформа. Претседателот е со исправена кичма и гордо крената глава, горди сме на тоа, му благодариме на тоа и му порачуваме дека се додека е принципиелен чувар на неговата заклетва и ние ќе го поддржуваме, му порача Илиевски на претседателот Иванов.
Илиевски им се заблагодари на граѓаните, бидејќи како што кажа тој, поради нив нема тиранска влада и нема претседател на Собрание кој не се откажал од платформата.
-Најавија тиранска влада на 24 март, нема влада. Сакаа вчера да бираат претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформата, сакаа денеска да бираат, не го избраа, сето тоа е заради вас. Нашата битка продолжува, вчера бевме пред штабот на ВМРО, денеска ќе одиме пред штабот на СДСМ, изјави Илиевски.-Триесетти ден по ред доаѓаме тука пред народната канцеларија на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов Иванов, 30 дена му повторуваме да не подл