Граѓаните имаат обврска да се обединат на 11 декември за да се зачува унитарноста на Македонија

На самиот почеток сакам да кажам неколку лажни ветувања кои ги ветуваше СДСМ во мианатото- тие ветуваа поврат на данок, 11 години Зоран Заев е градоначалник на Струмица и 11 години тој им нема вратено данок на своите граѓани. Ветуваше и странски фабрики, една фабрика нема отворено во Струмица, во иднина ветува просечна плата од 30.000 денари, а во неговите фирми неговите вработени не земаат повеќе од  10.000 денари, тој е прочитан и затоа граѓаните ќе му пресудат на 11 декември, изјави Илија Димовски носител кандидатската листа во ИЕ 3 на вечерашниот митинг во Виница.-Во 2006-та година кога си одеше СДСМ од власт помалку од 3.000 лица одеа на работа од Виница, а денес во ова мало место се отворени над над 4.000 илјади нови работни места и бројот се зголеми на над 1.400 ново отворени работни места. Од Велес до Берово бројот на ново отворени места во изминативе 10 години се зголеми на над 30.000 лица, во време на СДСМ таа бројка одеше надоле, а во време на ВМРО-ДПМНЕ оди нагоре, истакна Димовски.
-Во медиумите Заев го слушаме како ветува реформи, двојазичност и кантонизација како и промена на уставот на Република Македонија, затоа од овде граѓаните ќе му порачаат дека нема да го прифатат тоа. Секаде официјален јазик освен македонскиот ќе мора да биде и албанскиот-  тоа значи дека сите вие граѓани додека не го знаете албанскиот јазик нема да можете да го разберете јазикот и да ги пополните основните документи во јавните институции. Онаму каде што Албанците се мнозинство тие имаат двојазичност, но овде во Виница, во источна Македонија нема потреба да бидат документите на јазик на кои што не го разбираат граѓаните. Овие избори не се само избори за победа на партијата, овие избори се избори за тоа каква Македонија ќе имаме во наредните 4 години, потенцираше Димовски.
Тој исто така рече и дека граѓаните имаат обврска да се обединат на 11 декември за да се зачува унитарноста на Македонија. -Сценаријата на Зоран Заев се јасни и секој глас даден за него или за помалите партии кои деновиве лажно се претставуваат е даден директно за дестабилизација на нашата држава.-Во 2006-та година кога си одеше СДСМ од власт помалку од 3.000 лица одеа на работа од Виница, а денес во ова мало место се отворени над над 4.000

Пронајдете не на следниве мрежи: