Над 60 проценти од граѓаните имаат негативно мислење за Катица Јанева, а точно 60 проценти немаат доверба во Јанева и Специјалното јавно обвинителство, покажуваат резултатите од спорведената анкета на јавно мислење на Институтот Павел Шатев.На прашањето дали сметате дека меѓународната заедница придонесува за изнаоѓање на решение за кризата, 54,4 отсто од граѓаните одговориле дека меѓународната заедница со своите постапки само ја продлабочува кризата.
Во периодот помеѓу 06 и 08 мај 2016 година Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето, информираат од Институтот.
Во вчерашниот, втор дел од анкетата на „Павел Шатев“ резултатите покажаа дека граѓаните сметаат оти опозицијата предводена од СДСМ не се бори за слобода и демократија, туку за власт. 64 отсто од испитаните лица велат дека опозицијата води гола борба за власт и дека води класична политичка битка за приграбување на власта.
„Заради политичките протести не може да се оправдува уништување и сквернавење на споменици“ сметаат 67,1 отсто од испитаните граѓани. Само 22,3 од нив сметаат дека „Бомбите со боја со која се фарбаат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција“.
Во првиот дел од анкетата пак, беа обелодените рејтинзите на партиите. Подрршката за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски расте.На прашањето дали сметате дека меѓународната заедница придонесува за изнаоѓање на решение за кризата, 54,4 отсто од граѓаните одговориле дека меѓун