Од ден во ден сè повеќе граѓани од сите страни на Македонија, на своите домови истакнуваат македонски знамиња за поддршка на граѓанска и унитарна Македонија. Денеска се приклучија и беровчани.Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…
Од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги повикаа граѓаните во поддршка на боите на Македонија, да истакнат македонско знаме на нивните прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи црвено-жолтата линија со која се исцртува „Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!“
-Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…
Пронајдете не на следниве мрежи: