Граѓаните масовно истакнуваат македонски знамиња за поддршка на Македонија

Од ден во ден сè повеќе граѓани од сите страни на Македонија, на своите домови истакнуваат македонски знамиња за поддршка на граѓанска и унитарна Македонија. Денеска се приклучија и беровчани.Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…

Од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги повикаа граѓаните во поддршка на боите на Македонија, да истакнат македонско знаме на нивните прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи црвено-жолтата линија со која се исцртува „Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!“

-Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…

Пронајдете не на следниве мрежи: