Над 400.000 жители на Белгија, кои возат велосипед додека одат и се враќаат од работа, добија вкупен надоместок од 93 милиони евра.Во текот на минатата година, вкупно 406.000 вработени во Белгија го добија овој вид на надоместок. Податоците покажуваат дека од 2011 година за 30 отсто е зголемен бројот на лица кои добиваат надоместок бидејќи наместо со автомобил, на своето работно место доаѓаат со велосипед.
Освен што возењето велосипед на работа е во пораст, се забележува и зголемен тренд на поминатите километри со ова превозно средство. Пред пет години, едно лице во текот на годината во просек поминувало 944 километри на велосипед, а минатата година таа достигна 1.045 километри.
Доколку еден вработен живее 15 километри оддалечен од фирмата, а работи 210 денови во годината, ќе прима максимален надоместок од 0,22 евра за километар или годишно 1.386 евра.Во текот на минатата година, вкупно 406.000 вработени во Белгија го добија овој вид на надоместок. Податоците покажуваат дека од 2011 година за 30