Штабовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа беа претесни за да ги соберат членовите, поддржувачите и симпатизерите на партијата по насоката на централаза одржување на состаноци на општинските комитети, па предвидените состаноци прераснаа во собири.
Атмосферата меѓу присутните била позитивна и се чувствувала голема енергијанасобранитеѓани воедно истакнуваа дека се револтирани од обидот на СДСМ за предавство на националните и државни интереси. Во општинските комитети вчера беше прочитан и Проглас.
-Ова е собир за Македонија и нејзината иднина. Ова е време кога бескомпромисно и со огромна енергија треба да ги збиеме редовите и заедно сите рамо до рамо да го спречиме разнебитувањето на Татковината кое Зоран Заев и СДСМ сакаат да ни го спакуваат. Време е уште еднаш, сега посилно од било кога да покажеме дека не сме исти, дека не сме како нив, дека не сме подготвени по секоја цена, по цена на националните и државните интереси да ја продадеме државата, само за да се добереме до фотеља. Да ги тргнеме на страна дискусиите околу сите други внатрепартиски теми. Во овој момент нема поважна тема од моменталните превирања и обиди за редефинирање на Македонија од страна на Зоран Заев, СДСМ и нивните албански партнери. Времињата кои ни престојат носат сериозни предизвици и мора како никогаш досега да покажеме сплотеност и единство. Мора да бидеме подготвени на сите премрежија кои ни ги поставуваат на тој пат. Ние секогаш сме имале мисија, а тоа е самостојна, суверена и независна Република Македонија, се наведува во Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Браќа и сестри, горди граѓани на Република Македонија. Сега е часот да застанеме на патот на ова сценарио и на оваа антимакедонска стратегија. Мора да бидеме подготвени и да ги искористимесите средства кои ни стојат на располагање. Тоа им го должиме на нашите татковци, тоа им го должиме и на нашите деца. Оваа борба нашата генерација мора да ја избори. Не смееме да потклекнеме. Мора да бидеме подготвени да се спротиставиме во наредниот бурен период. Ако ние не се спротиставиме и не покажеме дека си ја сакаме татковината, нема другите да го сторат тоа. Народот го очекува тоа од нас и ние имаме обврска кон народот. Македонија врие и треба да цврсто да застанеме и да покажеме дека си ја сакаме татковината, затоа што сме патриоти. Да бидеме подготвени да не плукаат платеници, да не исмеваат за тоа што сакаме Македонија да биде унитарна и напредна земја. Тоа треба да го направиме прво тука, а потоа да го дигнеме нашиот глас и во нашиот град. Македонија е премногу скапа да дозволиме некои шарени платеници и продадени типови да ја разнебитат, затскривајќи ја својата црна агенда зад лаги и манипулации. Доволно молчевме и го толериравме ова сценарио на Заев покриено со лаги за живот. Неговата борба за фотелја гази преку крвта на нашите претци и иднината на нашите деца. Тоа нема да го дозволиме. Да почнеме гласот на разумот да го шириме до нашиот близок, до нашиот роднина, до нашиот комшија. И до оној кој го поддржува ВМРО-ДПМНЕ, но и до оној кој беше прелажан од шарените изборни ветувања на Зоран Заев. Тие луѓе помислија дека овој отпадник од македонскиот народ навистина може да му понуди брда и долини, но и тие сега се уверија дека сите тие лаги ги кажувал само да се добере до власт и да ја раскрчми Македонија. Немојте овие луѓе да ги осудувате, напротив пробајте да бидете гласот кој ќе ја пробуди совеста во нив, бидејќи голем дел од нив веќе се каат. Заев и неговите послушници ќе се обидат во наредниот период да не демотивираат, дискредитираат, да удрат на врвот на партијата, да удрат по секој еден член, по секој еден човек од нас, но всушност ќе се обидат да удрат на унитарна Македонија. Тоа е нивната цел. Да не претворат во исплашена маса која ќе молчи додека на мала врата се протнуваат закони за двојазичност, за дефакто федерализација, за потчинување на Македонците и нивно претворање во граѓани од втор ред. Ова нема да го дозволиме. Ова нема да им помине. Во оваа земја секогаш имало и секогаш ќе има мажи и жени, стари и млади, патриоти, луѓе со голема толеранција и почит, но и луѓе со многу гордост и беспоштедна љубов за Македонија. Ние сме тие луѓе. И ние сме тие кои мораме и можеме да го спречиме разнебитувањето на Република Македонија. Ќе победиме, стои во Прогласот.
Во истиот се наведува дека повеќе не се работи за граѓански слободи и демократија, туку веќе се работи за за право и правна држава.
-Зоран Заев видовме дека го погази и судот и законите, а сега следно е да го погази Уставот.Ние сме тие кои ќе му застанеме на патот. Браникот на татковината сме биле и ќе бидеме во иднина. Секој од
нас ќе биде примерот кој ќе биде следен од секој граѓанин кој си ја сака Македонија. Нашата мисија е праведна и никој не смее да не поколеба. За Македонија се работи. Да покажеме дека сме подготвени да излеземе на улица, на барикадите, да покажеме македонска одлучност. Да им покажеме дека не се плашиме и дека сме подготвени на се, стои во Прогласот.
Утринава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста по синоќешниот одржан состако, во кое се вели дека партијата целосно се спротиставува на обидите да се игнорира и изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на останатите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата „За подобра Македонија“.
-Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на останатите етнички заедници во подредена позиција. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ без учество на ДУИ во идната извршна власт. Дел од членовите на Предлог законот за јазици на кој што се согласил СДСМ, а беа обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси. Ваквите предлози и отстапки на СДСМ може да предизвикаат долгорочна штета и носат огромен потенцијал за да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период. Истовремено, голем дел од решенијата кои беа обелоденети со ништо нема да им помогнат за подобар живот на Албанците во Македонија, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека партијата и избраните пратеници ќе се спротивстават на донесувањето на ваков катастрофален закон и ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на мнозинството.
Атмосферата меѓу присутните била позитивна и се чувствувала голема енергијанасобранитеѓани воедно истакнуваа дека се