На 5 дена од изборите, граѓаните се повеќе се револтирани од идејата и програмната на СДСМ и Коалицијата за двојазичност на ниво на целата територија на Македонија.Сметаат дека ваквите политики се на штета на иднината на граѓаните и државата. Оние кои се анкетирани велат дека анкетите на институтите за истражување на јавното мислење ја покажуваат вистинската слика и дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе победи на изборите со, како што велат, убедливо водство.
Граѓаните на Битола, Тетово, Кочани, Македонска Каменица, Велес, Куманово и Струга едногласни кога станува збор за иднината и одлуката за подобра Македонија.
– Ќе гласам за ВМРО, подобра програма имаат. Не можеме да учиме ние на 73 години албански јазик. Ќе треба да одиме во болница и нема да можеме да се разбереме. Затоа јас сакам да си остане како што си е до сега, еднојазично.
– Изјавите негови се контрадикторни за државата. ВМРО ќе победи тоа го покажуваат сите статистики.
-Јас сметам дека главната причина за 2,5 годишната криза која што ја наметна Заев. Ова ќе биде финалниот меч и народот ќе си го каже своето и СДСМ ќе загуби катастрофално како и изминативе 10 години, поради нивните деструктивни политики.
-Не верувам баш во предизборните ветувања на СДСМ затоа што лажат секогаш. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
-Не им верувам на СДСМ, ВМРО ќе победи пак.
-Ни најмалку не верувам на СДСМ. Ништо што претходно ветиле не исполниле така да и сега не им верувам. Мислам дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, со повеќе од 63 пратеници.
-Идејата за двојазичност ќе донесе голема разлика помеѓу ВМРО и СДСМ. Но прво програмата ја дава најголемата разлика. Секоја партија кога ќе понуди програма, народот слуша и гледа. Прво го слуша она што го ветуваат па го гледа она што е направено до сега. Секое добро што е направено дава позитивна оценка, се што е негативно дава негативна оценка и тоа ја дава огромната разлика. А ова за кантонизацијата и двојазичност тоа е плус ќе ги зголеми гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ. Мислам дека ВМРО ќе победи и тоа со 65 пратеници.
-Тоа е голем минус, јас не можам да го разберам. Каква кантонизација? Какви глупости ќе ми споредува со Швајцарија. Тоа таму се три дела од три држави а ние тука сме држава. Како може тоа да биде? Јас колку што гледам никој не се согласува со двојазичност. Што имаат нашите Македонци во Албанија? Никој не ги ферма за луѓе а ние тука двојазичност, децата да ни учат на албански. Децата може да учат, ама англиски. Се знае кој ќе победи владејачката партија.
-Двојазичноста нема да допринесе, само може да допринесе за поголем ризик во државата да настанат немири и други проблеми , а инаку владејачката структура би требало да победи поради програмата и вршењето на работи.
-Мислам дека ВМРО ќе победи и треба да победи. Идејата за двојазичност повеќе ќе ја зголеми разликата, знаете дека овде живееме само Македонци и никако не би се учел албански јазик. И тоа е уште поголем минус за Заев.
-Мислам дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Исказите кои што ги дава Зоран Заев за двојазичноста ќе го зголеми рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите
-Најавувањето на двојазичност ќе повлече многу работи и ќе влијае, затоа сега се зголемува разликата меѓу владејачката партија. Заев работи за некои странски служби и целта е да направи нешто во државава што никој не го посекува, тој е платен и затоа ја воведува таа двојазичност како тема која треба да се наметне за во иднина ако не успее за овие избори, Заев за во иднина ќе ја остави на другите на тој што ќе ја има власта по 11-ти. Владејачката партија ќе остане на власт и тоа со многу голема разлика, мислам дека ќе биде 2:1
– Мислам дека голема грешка има Заев што такво нешто зборува и тоа многу ќе се одрази на него. 100% ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.
-Јас размислувам кој му даде право на него да ја продава, зошто тоа во суштина е продавање на државата. Продавање на се што е наше, што тој нема право да го направи тоа. Значи дека мора од некаде да има голема поддршка за тоа да го направи.
-Нашата соросова опозиција треба да падне, за да ја сочуваме државата. Тоа е најбитно во овој момент и треба на народот да му се објасни дека не е борба за власт туку сега е борба за државата. Се што гледаме дека се случува, го кажа во Швајцарија, во нивна програма и тоа е друга етапа од 2001 година за растурање на Македонија, ако успеат да дојдат на власт, трета етапа ќе биде за 5-10 години каде децата ќе ни бидат Сиријци или Либанци или не знам што.
– Ќе гласаме за ВМРО нема за кој друг. Ни ги накачи пензиите, а СДСМ ни ги намали.
-Ќе победи Груевски и тоа со поголем процент.
-Граѓаните веќе знаат за кого ќе го дадат својот глас, во последните години направените анкети секогаш покажувале права слика на изборите и мислам дека и оваа година така ќе биде.
-Јас како граѓанин на Струга сметам дека двојазичноста претставува голем проблем за македонското население особено во Струга, а од тука е и незадоволството и сметам дека би требало да се гласа за ВМРО, токму поради кампањата за двојазичност. Јас мислам дека ќе победи ВМРО-ДПМЕ.
-Кој Македонец особено ние што живееме во струга би сакал двојазичност. Тоа би било лошо за нас.
-Тоа се антидржавни ставови на Заев, ние како граѓани на Струга знаеме како е да имаш Албанец градоначалник, а не пак да имаме двојазичност во цела Македонија. Поради проектите кои се ветени за Струга, мислам дека ќе поведи ВМРОСметаат дека ваквите политики се на штета на иднината на граѓаните и државата. Оние кои се анкетирани велат дека анкетите на институтите за истражу