Граѓаните веќе скоро 2 месеци, поточно 59 дена се на улиците за заштита на унитарноста на својата држава. Еден од главните организатори на граѓанската иницијативата, Богдан Илиевски кажа дека деновиве сме читале најразно разни лажни вести за претседателот Ѓорге Иванов.-Граѓани за заедничка Македонија деновиве се начитавме најразно разни измислени вести, дека претседателот на државата се спремал да се сокрива во бункер и од таму да командал некакви акции, тоа доаѓа од оние кои дефакто се наоѓаат во бункер, бидејќи не сакаат и не смеат да признаат дека се качиле на Тиранска платформа која води до разнебитување на Република Македонија, изјави Илиевски.
Тој во име на граѓаните, изрази благодарност до претседателот за упорноста, истрајноста, доследноста и му порача така да продолжи.
Ѓорге Иванов дури го има тој став, дури стои на својата заклетва, дури не има сите нас, нема потреба да се крие никаде, како што не се крие никаде. Му благодариме на упорноста, на истрајноста, на доследноста и му порачуваме така и да продолжи. Претседателе со вас сме, да сте живи и здрави. Во бункер ќе треба да се кријат сите кои одат против народот кој си ја сака својата држава, кој не сака никому да наштети, но и нема да му дозволат нему да биде наштетено.-Граѓани за заедничка Македонија деновиве се начитавме најразно разни измислени вести, дека претседателот на државата се спремал да се сокрива во б