Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со неколку партиски функционери денеска остварија средба со граѓаните од Чучер Сандево, ги посетија селата Бразда, Чучер Сандево, Мирковци и Кучевиште. Во директен контакт со граѓаните Груевски се запозна со проблемите со кој се соочува самото населени.Граѓаните побараа од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од причина што само тогаш се сигурни дека тие ќе бидат реализирани.
-Ми беше задоволство што можев директно од граѓаните да слушнам за овие проблеми. Интересно е тоа што сите бараат нивните барања да бидат внесени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од причина што знаат дека ако барањата ги ставиме во програмата, тогаш таа работа се исполнува. Задоволство ми е што дојдовме до тој степен луѓето да разберат дека кога нешто ќе влезе во програмата, тогаш тоа е речиси завршена работа, изјави Груевски.
Тој посочи дека сите проблеми кои му се предочени од страна на граѓаните, се нотирани и оти ќе бидат направени дополнителни анализи за да се види како може да им се излезе во пресрет.
Во село Бразда како главен проблем граѓаните го истакнаа локалниот пат кој во моментов е направен од „коцка“ и побараа негова реконструкција на што тие добија одговор дека ова прашање ќе биде решено и реконструкцијата на патот ќе ја реализира Министерството за транспорт и врски заедно со градот Скопје.
На граѓаните од ова село им беше ветено дека дел од патот ќе биде обновен оваа годена, додека останатиот дел наредната година.
Груевски во село Чучер Сандево изврши увид во градежните активности за изградба на детската градинка која ќе биде со капацитет за 15 дечиња.
Ова е прва градинка која се гради во оваа општина, а досега жителите беа принудени своите деца да ги носат во градинките во Чаир и Бутел.
За градинката ќе бидат инвестирани вкупно 18 милиони денари, од кои 10 милиони од буџетот на Општината, а осум милиони се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика.
На средбата со Груевски граѓаните го посочија и проблемот со изградба на локалниот пат кој што води до селото Чучер Сандево, при што им беше ветено дека овој пат од околу 900 метри ќе го асфалтира самата општина Чучер Сандево до крајот на март и почетокот на април оваа година.
Тука беше наведен и проблемот што училиштето во оваа село нема спортска сала и учениците не одржуваат часови по физичко.
На средбите беше договорено изградба на првата спортска сала во Чучер Сандево која треба да започне кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Салата ќе се наоѓа во близина на училиштето и новата градинка чија изградба е во тек а ќе се реализира преку МОН.
Груевски оствари средба и со жителите на село Мирковци, а на средбата во Кучевиште, еден граѓанин со хемофилија му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што преку Министерството за здравство се обезбедени лекови за ретки болести.
– Тоа беше голем проблем бидејќи се работи навистина за ретки болести, а многу скапи лекови кои луѓето не можат да си ги обезбедат. По една долга анализа која ја направивме најдовме начин и од пред неколку месеци влеговме во процедурата за набавка на овие лекови, истакна Груевски во разговорот.
Жителите на село Бразда се пожалија и на проблеми при пласманот на кромидот „арпаџик“ по што е договорено заменик-министерот за земјоделство во следните денови да го посети местото за да види како може да се реши проблемот.Граѓаните побараа од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од причина што само тогаш се сигурни дека тие ќе бидат р