ГРАЃАНИТЕ СЕ БУДАТ: Нема да му дозволиме на Заев да плука по Македонија!

Шарената револуција во Македонија донесе повеќе штета, отколку борба за слобода. Ова е мислењето на граѓаните кои се згрозени од начинот на кој одредени групи го искажуваат својот револт кон власта и начинот на функционирање на земјата.Според најнова спроведена анкета меѓу граѓаните на Република Македонија, дојдено е до резултати дека дури 75 отсто од нив се подготвени да ги чуваат спомениците од безумието и испадите на активистите кои намерно ги уништуваат спомениците во Скопје.
Голем дел од испитаниците изјавија дека дури и би се пријавиле доколку се спроведе масовна акција за чистење на спомениците, бидејќи, како што велат едно е да се демонстрира на улица и конкретно да се изрази револт кон некоја ситуација, а друго е да се крши под закрила на странски фактори.

„Зборувајќи од моја гледна точка, не можам, а да не го изразам моето разочарување на девијантното однесување на моите сограѓани. Упорно ги таргетираат младите лица да излезат на улица и ги манипулираат со пароли дека уништувањето на културно-историското наследство е нешто со што треба да бидат горди и да фалат на социјалните мрежи. Граѓанските иницијативи се проследени со присуството на партиски активисти од СДСМ и тоа јасно се гледа од објавените содржини во медиумите. Кого мислат дека го прават глупав?“ – изјави револтиран граѓанин.
Повеќе од половина од испитаниците стравуваат дека уништувањето на спомениците е најава дека на Македонија полесно би ѝ било да ги прифати условите наметнати од Европската Унија и САД, инаку на земјата допрва ќе ѝ се закануваат сценарија за дестабилизација.
„Не ми е јасна една работа: велат дека се загрозени човековите права и уништуваат сѐ пред себе. Кога полицијата ќе ги уапси поради вандализмот, а не поради нивното излегување на улица, одредени јавни личности им даваат број од Хелсиншки комитет за да се обратат за бесплатна правна помош. Како не им е срам да ја уништуваат државата? Имам живеено во Франција 5 години и по секој испад на група агресивни граѓани следува апсење. Зошто кај нас апсењето на престапниците се смета за бруталност? Ова не личи на ништо!“ – се надоврзува друг испитаник.
Според неофицијални информации, револтот меѓу граѓаните расте сѐ повеќе и тие се држат до ставот дека нема да им дозволат на Зоран Заев и БЕСА со немири да ја разурнат државата.
Според најнова спроведена анкета меѓу граѓаните на Република Македонија, дојдено е до резултати дека дури 75 отсто од нив се подготвени да ги чуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: