четврток, 12 ноември 2026
Најново

Граѓаните со огромна поддршка за Темелко!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Се уште расте поддршката за единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко, кој во петокот без судска наредба, а по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, беше уапсен за наводни изборни нерегуларност. По безрезервната поддршка од жителите на Пустец, Темелко доби поддршка и од народот во Македонија.-Еден голем, голем поздрав за нашиот херој и се гордеам што имаме таков човек. Еден градоначалник кој што ги брани правата на Македонците во Албанија и ова сега што во моментов му се случува на Темелко е срам за Македонија, затоа што обвинителката, тоа што го направи е најголемиот срам за нашата Македонија. Сакам да му кажам дека ние, Македонците, со цело срце и душа го поддржуваме. Јас ќе го поддржам да поднесе тужба за човековите права во Стразбур. Ние Македонците ве поддржуваме и ако треба ќе направиме и една организација заедно со вас, изјави гледачка на емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, во која утрово гостуваше Темелко.
-Поздрав до македонскиот херој во Албанија, Темелко. Сакам само да кажам дека намерата на Заев е да ги остави Македонците од Албанија без свој градоначалник, меѓутоа му пропадна идејата , рече друг гледач.
Само за потсетување, на градоначалникот на Пустец не му беше доделена мерка притвор откако Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осумте лица лица, меѓу кои е и Темелко.
Тој за медиумите изјави дека истражната судијка донела правилна одлука според сите околности. Судот покажал дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија. Темелко порача дека не се туѓинци и секогаш ќе бидат нераскинлив дел од Република Македонија.-Еден голем, голем поздрав за нашиот херој и се гордеам што имаме таков човек. Еден градоначалник кој што ги брани правата на Македонците во Албани

Поврзани вести