Анкетата реализирана од институтот „Димитрие Чуповски“ ги зацементира позициите на народот. Луѓето сѐ уште имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, а сѐ помалку му веруваат на СДСМ.39,2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од најновото истражување на Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведено помеѓу 30 март и 2 април 2016 година.
Според експертите, ваквите резултати се очекувани со оглед на фактот што граѓаните секогаш избирале проекти и работа наспроти деструктивност.
Професорот Тони Науновски во изјава за Курир истакна дека дека во ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа сето она што гарантира оддржување и развој на државата, а кај СДСМ граѓаните гледаат и погрешни, антиполитички дејства.
Токму ваквите резултати од анкетите за испитување на јавното мислење, според експертите, се причината поради која лидерот на СДСМ бега од изборите кои самиот си ги бараше.
Политичниот аналитичар Филип Петровски смета дека СДСМ и Зоран Заев по секоја цена и поради каков било изговор ќе се обидат да не учествуваат на изборите. Според Петровски, таквиот план на Заев доаѓа од свесноста дека доколку излезе на избори ќе доживее тежок пораз.
-Бегањето од избори е единствената можност за Зоран Заев. Ако тој се појави на изборите знае дека ќе ги загуби. Во таков случај ќе ја загубии позицијата во својата партија. Во спротивно, ако ги одложува изборите и не оди на нив, тој ќе ја задржи позицијата во партијата и затоа не му е проблем да ја продолжува кризата до недоглед. Затоа и постојано поставува нови и нови изговори. Најдобар пример за тоа е изборниот список. За Заев прво беа спорни 200 илјади, па 100 илјади, па 40 илјади гласачи, за на крај да дојдеме до илјада лица што се починати. Тоа најдобро ја покажува играта на Заев. Тој не смее да оди на избори затоа што ќе загуби со 200 илјади гласови разлика и нема друга можност за маневар освен да излезе надвор од институциите. Само ако Заев не излезе на изборен натпревар не може да биде поразен, изјави Петровски во дебатата на ТВ Нова.
Според професорката Татјана Каракамишева Јовановска, картата на СДСМ е радикализација на политичката состојба.
-Радикализацијата ќе треба да биде во рамките на уставот и законите, СДСМ најавија дека ќе се движат во рамките на законските механизми кој што им стојат на располагање, иако никој не го зема в предвид фактот дека сите тие законски механизми може да се прелеат и да станат незаконски, вели Каракамишева.
Според експертите, ваквиот резултат на анкетите се должи и на разочарувањето кај граѓаните од делувањето на министрите на СДСМ кои не реализираа ниту еден проект.39,2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од најновото истражување на Институтот „Димитрија Чуповски“ сп