Деструктивните политики на СДСМ не носат никакви резултати не ја добиваат довербата од народот. Наспроти ова, реалните проекти на владејачката партија носат големи резултати и во нив граѓаните веруваат.Новата анкета на институтот „Павел Шатев“ уште еднаш покажа дека граѓаните имаат далеку поголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ.
Поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија својот глас на предвремените парламентарни избори на 5 јуни би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а за иден премиер би го избрале Никола Груевски, велат резултатите од последната анкетата на институтот „Павел Шатев“, која е спроведена помеѓу 13 и 15 март 2016 година.
Предноста на Груевски пред Заев е уште поизразена. Дури 52.3 проценти од испитаниците би го избрале Груевски за иден премиер. 19.01 отсто сметаат дека владата може да ја предводи Зоран Заев.
За СДСМ се поразителни и податоците за довербата во Специјалното јавно обвинителство.
Дури 64,3 проценти од испитаниците немаат доверба во работата на Катица Јанева а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани. Високи 88 проценти од испитаниците велат и дека истите тие обвиненија на Специјалното јавно обвинителство за одредени функционери на власта, нема да влијаат на одлуката за кого ќе гласаат на изборите.
За експертите ова е уште еден показател дека сите опструкции на одржувањето на изборите се мотивирани од нискиот рејтинг на СДСМ. Дополнително по оваа анкета е јасно дека за граѓаните работата на Јанева е политички мотивирана со цел притисок врз ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова специјално јавно обвинителство беше формирано со политичка волја за да помогне во расчистувањето на политичката криза која се рефлектира и како еконосмка и безбедносна криза. Но за жал ова обвинителство само ги направи состојбите посложени. Бидејќи, да не се правиме наивни, ова Специјално обвинителство завзема страна, смета Даштевски.
Во истражувањетона Павел Шатев кое било спроведено на ниво на Република Македонија, биле опфатени сите шест изборни единици.Новата анкета на институтот „Павел Шатев“ уште еднаш покажа дека граѓаните имаат далеку поголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ