Граѓаните задоволи од новиот владин проект „Купи куќа за млади“. Овој проект, велат, не само што ќе им го реши станбеното прашање туку ќе влијае и на одлуката да го зголемат своето семејство.Покрај тоа, овој проект ќе внесе импулс во градежништвото, кое е поврзано со уште 26 други гранки. Со овој проект се очекува да се намалат цените на куќите за тие да станат подостапни за граѓаните.
Граѓаните се задоволни од овој проект и имаат позитивни коментари за истиот.
-Мислам дека е добар, од аспект на онаа можност која ја немаат сите луѓе кои немаат можност за учество, или помош од нивните родители или некој што би требало да им помогне и тука државата излегува во пресрет.
-Сметам дека е стимулирачки и треба да се искористи. Учеството е најбитната работа, доста луѓе немаат пари за да добијат стан.
-Субвенцијата е перфектна.
-Супер. За млади брачни парови до 35 години тоа е баш супер.
-Многу ми се допаѓа и мислам дека ќе го искористиме затоа што нас не ни е решено станбеното прашање.
-Сигурно е дека е интересно, јас имам син на таа возраст, така да размислуваме за аплицирање.
-Мислам дека е прилика за младите. Ние порано и маж ми и јас земавме кредити за да земеме стан помал, па после поголем, а сега и апетитите на младите се многу поголеми.
-Ќе се осамостојат побрзо младите. Ете ако е куќа ќе имаат повеќедетно семејство, а тоа го сакаме.
Покрај обезбедувањето дом за младите семејства, со ова се стимулира и градежништвото, што позитивно влијае врз економијата.
-На овој начин ставаме фокус на дополнителна поддршка на градежништвото и на градежните компании во Македонија, што ќе придонесе за нивна поголема профитабилност и за отворање нови работни места во градежниот сектор, вели премиерот Груевски.
Покрај тоа, овој проект ќе внесе импулс во градежништвото, кое е поврзано со уште 26 други гранки. Со овој проект се очекува да се намалат цените н