Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ е згрозена од настапите на политичари како Заев, Шилегов и дел од новинарите како Кате Блажевска, кои граѓаните кои ја поддржуваат нашата иницијатива ги нарекоа пијаници, бандити и фашисти, истакна денеска Богдан Илиевски еден од организаторите.-Ова е навреда за стотина илјади луѓе кои речиси цела недела секој ден излегуваа по улиците во поддршка на заедничка Македонија. Ова е навреда за уште милион луѓе кои се за заедничка Македонија. Тие луѓе се чесни луѓе, домаќини, еснафи од сите професии и возрасти, културни луѓе кои што ги обединува многу луѓе кон својата татковина, рече Илиевски.
Тој посочи дека граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се залага за она за што се залагале асномците, основачите на ВМРО.
-Нашите идеи и вредности се базирани на мислата и светогледот на овие луѓе. Тие не биле фашисти, бандити и пијаници . Тие се бореле против фашистите и злосторниците и ваквите квалификации се срамни. Ова е една перфидна тактика за одвраќање на луѓето со закани и клевети за да им се задуши енергијата која од ден на ден е се поголема. Ова е уште еден обид на луѓето да им се наметне срам од сопствениот патриотизам, слободна мисла и дејствување за доброто на татковината. На ваквите обиди одговараме:„ Нема срам од љубовта кон Македонија и нема повлекување“, рече Илиевски.
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изразија благодарност до сите граѓани од кои ја добија поддршката.
-Меѓу нас има вредности и позитивна мисла. Затоа на сите стотици граѓани кои прошетаа низ улиците на Македонија им благодариме и ги повикуваме да продолжиме на граѓански, домаќински на еснафски начин, да ги промовираме вредностите за кои излегуваме на улица и да продолжиме да се бориме за заедничка Македонија, истакна Илиевски.
Дарко Мијалковски истакна дека неговото приклучување кон оваа граѓанска иницијатива е исклучиво во насока за зачувување на татковината.
-Јас сум човек кој прави емисии за дечиња во Република Македонија повеќе од 17 години и се трудам во моите емисии да ги учам да ја сакаат својата татковина. Навистина тешко ми паѓа кога некој ќе не нарече со вакви погрдни зборови поготово со самото тоа што и јас сум родител и не би сакал некакви фашисти да влијаат врз едуцирањето на моите деца, рече тој и побара извинување од оние кои тие навреди ги изговориле.
Изрази зачуденост и побара одговор зошто одредена група, како што рече, „наши браќа, пријатели, би ги кажал Македонци, се свртеа против друга група етнички Македонци кои застанаа да ја бранат својата татковина“.
Нападите, Борис Дамовски од Иницијативата за заедничка Македонија, ги оквалификува како спинови кои ги очекувале, но не во толкава мерка.
-Навредите кон оваа огромна група граѓани кои се собираат секојдневно низ цела Македонија се непримерни и безобразни и би рекол тие се фашизоидни. Ги повикувам сите учесници да направат се протестите да бидат мирни и достоинствени. Тоа од ден на ден и се докажува, рече Дамовски.-Ова е навреда за стотина илјади луѓе кои речиси цела недела секој ден излегуваа по улиците во поддршка на заедничка Македонија. Ова е навред