Граѓанското движење против осиромашување со три барања до владата на Заев

Зголемувањето на даноците ќе значи удар врз стопанството и компаниите. Зголемувањето на трошоците за работа ќе резултира со пореметување на балансот и поскапување на производите за секојдневна употреба. На крајот се ќе удри по џебот на граѓаните, изјави денеска членот на Граѓанското движење против осиромашување, Жарко Здравковски.Според него, сопствениците на компании, зголемените трошоци кои ќе се наметнат преку зголемените даноци нема да ги надоместат со тоа што ќе се скрати од својот профит, туку од намалување на платите на работниците. Помали приходи ќе значат слабеење на економската моќ на граѓаните и зголемување на сиромаштијата.
Поскапото производство и ислугите за сопствениците на компании ќе значи поскапување на производството за широка потрошувачка. Повеќе пари за државата, а помалку за стопанството значи помалку пари за нови инвестиции и проширување на компаниите. Тоа ќе биде додатен фактор за затворање на фабрики и мали бизниси кои ќе бидат под најголем удар, истакна Здравковски.
Појасни дека зголемените даноци ќе стимулираат даночна евазија, односно избегнување на плаќање на даноци, односно стимулирање на сивата економија. Кога имаме сива економија, вели Здравковски, слабее бизнисот и државата.
Според него, поголемите даноци ќе придонесат за намален профит.
Од Граѓанското движење против осиромашување ги повторија мерките кои владата на СДСМ ги вети во однос на зголемување на даноците и воведување прогресивен данок.
-Владата во својата програма предвидува зголемување на персоналниот данок на доход со две променливи стапки од 10 проценти и 18 проценти. Персоналниот данок сега е 10 проценти. Се зборува за воведување на прогресивен данок, односно зголемување на данокот на добивка, кој исто така, сега е 10 проценти, односно 0 проценти ако има реинвестирана добивка. Граѓанското движење е против зголемување на придонесите за здравствено, пензиско осигурување и вработување, каде што просекот сега е 28 проценти, потсети Здравковски.
Тој во име на Граѓанското движење постави три барања до владата кои ќе ја стимулираат економијата и ќе овозможат релаксација во однос на потрошувачката на граѓаните.
„-Прво, владата безусловно и јавно да се откаже за било какво зголемување на даноците. Зголемување на даноците ќе влијае на зголемување на трошоците за живот, а и со осиромашувањето на компании и граѓаните.
-Второ, бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси. Персоналниот данок да се намали од 10 на 9 проценти, односно придонесите од 27 на 25 проценти. Намалените даноци ќе влијаат стимулативно врз економијата и ќе овозможат релаксација во однос на потрошувачката на граѓаните.
-Трето, владата да се откаже од непродуктивни трошоци, како на пример, зголемени средства за привремени вработувања, храна, репрезентации и службени картички, за сметка на зголемување на капиталните инвестиции, изградба на патишта, училишта, градинки, здравствени установи, како и поддршка на стопанството.“
Здравковски ги повика сите граѓани на Република Македонија без разлика нивната етничка и верска припадност да се приклучат кон Граѓанското движење.
 
Според него, сопствениците на компании, зголемените трошоци кои ќе се наметнат преку зголемените даноци нема да ги надоместат со тоа што ќе се скра

Пронајдете не на следниве мрежи: