Тимот на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови на кујни – ГастроМак, ја освои престижната Гранд-при награда како севкупен победник на традиционалниот меѓународен гастрономски натпревар во Ниш, Србија. Освен главната тимска награда, готвачите на ГастроМак доминираа и во повеќето категории на 12-тиот Интернационален натпревар за препарација на јадења од риба, кој што се одржа минатата недела. Во категориите, меѓу кои и филетирање риба, рибја чорба и рибји паприкаш, македонските шефови од ГастроМак успеаа да го импресионираат интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој вид на храна. Македонскиот тим се состоеше од Анастасија Чутрова, Влатко Ѓорѓиески, Велимир Илиевски, Лирим Даути, Цветанче Тодоровски и Драган Лазоски, кои што заедно зграпчија десет златни и еден сребрен медал. Исто така, шеф Влатко Ѓорѓиески беше награден како севкупен победник во категориите фолегирање и подготовка на јадење од риба.
“Ова беше извонредна можност нашите шефови да се закитат со престижни награди во голема меѓународна конкуренција, покажувајќи го своето познавање и вештини. Признанијата за нашата Асоцијација значат само уште еден импулс да продолжиме со афирмацијата на македонската гастрономија во глобални рамки, но и на врвната компетитивност на нашите готвачи”, изјави Претседателката на ГастроМак, Адријана Алачки.
Еден од основачите на ГастроМак, Бесим Латифи, инаку, лиценциран судија на WACS – Светската организација на шефови на кујни,исто така вели дека признанијатапреставуваат и предизвик за понатаму.„Почестени сме што нашите тимови рамо до рамо стојат на интернационалната кулинарска сцена со врвните светски готвачи. Ова ми дава за право да кажам дека ГастроМак прераснува во вистинска гастрономска институција, под покровителство на WACS”, изјави Латифи.
Исто така, на крајот на минатиот месец, Јетон Таравари, уште еден лиценциран судија на WACS од ГастроМак, ја имаше можноста да ги оценува шефовите – натпреварувачи на меѓународниот натпревар во подготовка на пици, што се одржа во Истанбул, Турција.
ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ГастроМак ја претставува нашата држава како единствен претставник на Македонија во WACS, во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.Во категориите, меѓу кои и филетирање риба, рибја чорба и рибји паприкаш, македонските шефови од ГастроМак успеаа да го импресионираат интернациона