Грандиозен спектакл на мраз „Лебедово езеро“ во Скопје

Балетскиот спектакл “Лебедово езеро”, во изведба на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе биде прикажан пред македонската публика. Најпознатото балетско ремек дело од Петар И. Чајковски ќе биде изведено на сцената на Македонската опера и балет на 16 и 17 декември. Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 од страна на светски признатиот кореограф Константин Бојарски. Бојарски бил поранешен солист на познатиот балет „Марински“, а во својата балетска кариера има играно со Михаил Баришњков и Наталија Макарова.
Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент. Низ годините, во балетската претстава се појавувале грациозните движења на светски и европски прваци во уметничко лизгање, меѓукои и олимписките шампиони Људмила Белоусова, Олег Протопопов и Људмила Смирнова.

 
Сите претстави се поставени од главниот кореограф Константин Расадин, признат руски уметник. Оваа балетска компанија првпат ги поставила класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните 5 години оваа балетска продукција е успешно изведена на најдобрите сцени во САД, Канада, Холандија, Германија, Кина, Шпанија, Тајван, Естонија, Романија.
 
Влезниците може да се купат на билетарницата на МОБ, преку продажната мрежа на Купикартизасе, во Пола Југотон, ЈуготонРекордс и РозеВеро 2.
 Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 од страна на светски признатиот кореограф Константин Бојарски. Бојарски бил поранешен

Пронајдете не на следниве мрежи: