Министерството за образование и наука во соработка со Светска банка преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, започнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра, чија цел е поврзувањето на јавните средни стручни училишта со малите, средните и големи компании во земјата, со краен очекуван исход – подобрување на практичната настава и вештините за вработување на учениците, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес конференција.Тој посочи дека имплементацијата на оваа исклучително значајна стимулативна мерка, од финансиски аспект е во согласност со образовните политики за модернизација и развој на стручното образование, со особен акцент на средното, имајќи ги предвид потребите на пазарот на труд во земјата од соодветен стручен кадар.
– Преку оваа програма, предвидено е доделување на неповратни финансиски средства за предлог проекти на стручните училишта, во кои како партнер се јавува некоја компанија, а со чија реализација ќе се придонесе за зајакнување на нивната меѓусебна соработка, за унапредување на ученичките стручни компетенции и вештини и за развој на претприемачкиот дух и подготвеност за настап на пазарот на трудот. Оваа програма обезбедува бенефиции првенствено за учениците, но, значајна е и придобивката за компаниите, кои секако, добро подготвените ученици, или учениците во кои гледаат добар потенцијал, би можеле понатаму да ги задржат на одредени работни позиции. Тоа пак, значи придобивка за целокупната економија и пазар на труд во земјата, рече Ристовски.
Конкурсот за аплицирање со предлог проекти е објавен на интернет страница на МОН www.mon.gov.mk. Постојат неколку критериуми за учество. Апликантот мора да е јавно средно стручно училиште и проектот со кој аплицира да биде изработен во соработка со партнер компанија, а во согласност со целите на грант програмата, која исто така ја има на нашиот сајт и потребно е да се прочита.
Ристовски појасни дека Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за организирање на кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите – директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании и слично.
– Износот на средства кои можат да се добијат се движи од 5.000 до 20.000 евра по проект, во зависност од самиот проект. Може да се аплицира со повеќе проекти за повеќе типови на грантови. Предлог проектите се доставуваат до Министерството за образование и наука најдоцна до 15-ти мај. За распределба на средствата, односно за прифаќање на апликациите ќе одлучува посебна комисија формирана специјално за оваа намена, во која ќе членуваат претставници на министерството, но и на стопанските комори, рече заменик министерот Ристовски.
Во меѓувреме, за да се постигне поголема искористеност на можностите кои што ги нуди грант програмата, тој информира дека Министерството за образование и наука за сите 75 јавни средни стручни училишта ќе организира обуки, односно ќе обезбеди техничка помош за квалитетно и навремено изготвување на апликациите и за понатамошно постапување во случај на одобрен грант. Обуките ќе се организираат по региони. Започнуваат во вторник, на 5-ти април во Скопје во просториите на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, потоа на 6-ти април во Тетово во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 12-ти април во Штип, во просториите на Универзитетот “Гоце Делчев“ и на 13-ти април во Битола, во просториите на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“.
Ристовски ги повика сите јавни средни стручни училишта и заинтересираните општествено одговорни компании, да воспостават соработка и изготват заеднички проекти, со кои би аплицирале и би помогнале во подигнување на екфективноста на овој проект.Тој посочи дека имплементацијата на оваа исклучително значајна стимулативна мерка, од финансиски аспект е во согласност со образовните по