Десет нови приватни дома за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е во тек.– Во оваа пригода би сакал да ги известам сите заинтересирани што размислуваат за отворање приватен дом за стари лица дека имаат можност да ја искористат новата мерка што ја воведе Владата. Станува збор за грант неповратни средства во висина од 12 илјади евра за отворање приватен дом за стари лица – истакна заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на старскиот дом „Вита Ве“.
Појасни дека за годинава се обезбедени средства во висина од околу 7,4 милиони денари со кои ќе се отворат десет приватни дома за стари лица. Со тоа ќе се создадат дополнителни капацитети за 400 до 500 стари лица кои би се згрижиле во домовите и би се отвориле 40-50 нови работни места.
Тој ги повика сите заинтересирани да ги искористат можностите што ги нуди Владата, а кои иницирале отворање поголем број домови за стари лица во изминатиот временски период, преку кои досега се отворени 17 дома за стари лица.
– Пред три години Владата даде поволности за изградба на домови за стари лица како откуп на земјиште по почетна цена од 1 евро за квадратен метар, намалени такси за изградба на вакви објекти, поволни кредитни линии од Македонската банка за поддршка на развојот и сега овие неповратни грантови во висина од 12 илјади евра, што дополнително ќе ги мотивира сите заинтересирани – рече Спасов.
Информира дека досега на огласот имаат аплицирано над 10 заинтересирани лица со очекување бројката да се зголемува. На половина година, додаде, ќе се направи пресек на апликациите и сите што ги исполнуваат условите ќе имаат можност да ги искористат средствата, а тоа се, како што рече, оние што имаат квалитетен бизнис-план, обезбеден објект или локација или имаат договор за закуп на објект. Старскиот дом треба да обезбеди згрижување на најмалку 40 лица и да отвори најмалку 4 работни места.– Во оваа пригода би сакал да ги известам сите заинтересирани што размислуваат за отворање приватен дом за стари лица дека имаат можност да ј