Триесет земјоделски производители денеска ги добија грантовите во висина од 5.000 евра за воведување иновативни решенија за подобрување на пристапот до информации за агроеколошките мерки и добрата земјоделска пракса.Грантовите се дел од проектот „Управување со сливот на река Струмица“, којшто Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
– Воведувањето на современи агроеколошки мерки ќе придонесе кон зголемување на приносите и намалување на примената на агрохемикалиите и водата за наводнување, со што директно ќе се намалат производните трошоци, како и влијанието врз животната средина. Исто така, целта е избраните пилот фарми да станат пример за современо и одржливо земјоделско производство што ќе може понатаму да се пресликува на многу поголема земјоделска површина во сливното подрачје, рече Луиза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации.
Огласот за учество на обуки и распределба на грантови за воведување агроеколошки мерки во сливот на река Струмица беше објавен на 17 мај годинава, на кој се пријавија земјоделски производители на сливи, јаболка и круши од општините Радовиш и Конче и земјоделски производители на домати и пиперки од општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево.
По претходно утврдени критериуми беа избрани околу 60 земјоделски производители од двата микро региона кои изминатиов период посетуваа теоретски и практични обуки. По завршувањето на обуките беше спроведено тестирање во два дена, каде што кандидатите од Струмичкиот микро-регион полагаа на темите: градинарство, наводнување, заштита и почви, додека кандидатите од Радовиш и Конче на темите: овоштарство, почви, заштита и наводнување. Врз основа на бодовите добиени од самите апликации, од присуството како и од тестирањето беше направена ранг листа врз основа на која 20 кандидати од Струмичкиот микро-регион и 10 кандидати од Радовиш и Конче со најголем број бодови станаа добитници на грантови во материјали и земјоделска опрема во висина до 300.000 денари.
Грантовите опфаќаат системи за микронаводнување, уреди за следење на влажност во почвата, системи за фертиригација, опрема за следење на појавата на болести и штетници итн.
Исто така, за сите учесници беше направена детална почвена анализа врз основа на која ќе се изработуваат програмите за наводнување и исхрана на културите.
По успешното спроведување на првиот циклус, се очекува во 2017 година да се имплементира и втор циклус обуки и доделување грантови за воведување агроеколошки мерки со што ќе се овозможи зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.Грантовите се дел од проектот „Управување со сливот на река Струмица“, којшто Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имп