недела, 29 ноември 2026
Најново

Грција го признала постоењето на македонскиот јазик уште во 1923 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Официјален грчки документДокументот е официјален договор од Воденскиот Јавен Нотар , во 1923 година, меѓу македонски жители на село Платани и грчката држава, за купување на земја и имоти од државата во село Платани, кое е основано во 1907 од жителите на Пожарскиот регион кои таму се доселиле.
Мината година општината Воден празнуваше 100 години од основањето на селото.
Покрај останатите информации, напишани на овој договор во местото означено со двете црвени стрелки (види слика) го пишува следново:

“… втората страна во овој договор помеѓу бројот единаесет и бројот четириесет и девет, која не го знае Грчкиот, а единствено МАКЕДОНСКИОТ (јазик), се претставуваат заедно со нивниот најмен преведувач, по своја волја и убедување, личноста која јас ја знам како г-дин Теодор Тсиоку, сопственик на земја и жител на Воден, кој положи заклетва врз Светото Писмо како што е побарано по закон, дека ќе направи вистинит и точен превод од Грчки на МАКЕДОНСКИ, и обратно, за договорните страни, за сведоците и за мене …“
Извор: Македонска нацијаДокументот е официјален договор од Воденскиот Јавен Нотар , во 1923 година, меѓу македонски жители на село Платани и грчката држава, за купува

Поврзани вести