Грција повторно и се закани на Албанија во врска со нејзината европска интеграција.Грчкиот претседател Прокопис Павлопоулос и порача на Албанија да заборави на влез во ЕУ поради незадоволството на неговата земја од однесувањето на албанските власти во врска со имотот на грчкото малцинство во приморското гратче Химара.
Тој на собирот одржан на островот Крф во сеќавање на грчкиот политичар Јоанис Каподистриас, рекол дека бруталното однесување врз човековите права не може да се толерира.
Каподистриас, според шефот на грчката држава, е пример на голем лидер не само за Грција, туку за цела Европа.
– Тоа треба да го имаат предвид Грците, но и оние кои се стремат да се приклучат во ЕУ. Ова го велам за нашиот сосед Албанија, земја со која сакаме секогаш да имаме добри односи. Но аванурстичкото однесување, како она што го гледаме меѓу Тирана и Приштина е брутално однесување со кое се кршат човековите права во случајот на малцинствата, правото на имот. Ние нема да стоиме индиферентни наспроти ваквото однесување, посочил Павлопоулос.
Јоанис Каподистриас е грчки политичар роден во 1775 година на Крф, бил министер за надворешни работи на Кралството Русија и познат дипломат во Европа.Грчкиот претседател Прокопис Павлопоулос и порача на Албанија да заборави на влез во ЕУ поради незадоволството на неговата земја од однесувањето на