Грција испраќа помош за Македонија

По налог на грчката Влада, попладнево во Македонија ќе биде доставен првиот дел од помошта на Грција за катастрофата предизвикана од поплавите на 6 август, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните со помош на противпожарната служба испраќа пет преносливи пумпи и пет генератори за да им помогне на луѓето погодени од поплавите.
Грчкото МНР уште соопшти дека во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита и македонското Министерство за внатрешни работи за дополнителна помош, која на македонските власти им е потребна за да се одговори на потребите на погодените во поплавите.
Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ, донацијата од Грција ќе пристигне околу 16:30 часот.
Донацијата ќе ја предаде заменик амбасадорот од амбасадата на Грција во Скопје, а на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат и претставници од Владата на Република Македонија. Ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населбата Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.
– Со ова започнува пристигнувањето на очекуваната помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување, посочуваат од Дирекцијата.Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните со помош на противпожарната служба испраќа пет преносливи пумпи и пет генератори за да им помогне

Пронајдете не на следниве мрежи: