Македонскиот премиер Никола Груевски е за решение кое нема да влијае на идентитетот на македонскиот народ, пишува денеска грчкиот весник „Нафтемборики“ заедно со уште неколку угледни грчки весници кои денеска го пренесуваат одговорот на парламентарно прашање на премиерот Груевски во врска со прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.„Нафтемборики“ истакнува дека Груевски нагласил оти „ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со какво било решение што ќе предвиди промена на Уставот со цел промена на уставното име, решение што задира во идентитетот на македонскиот народ, јазикот и нацијата и нема да се дозволи какво било решение да се донесе без претходно организирање референдум“.
– Главен проблем во овој момент е што и ние и медијаторот имаме проблем да разговараме со Грција. Основен проблем е како воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање, ја пренесува „Елефтеротипија“ изјавата на шефот на македонската Влада.
извор:maxim.mk„Нафтемборики“ истакнува дека Груевски нагласил оти „ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со к