Грчката ракометна федерација повторно како и во сите спортови побара македонската репрезентација до 20 години да игра без името на државата на дресовите. Сега се работи за квалификациите во ракомет што од денеска ќе се играат во Скопје, а ќе се натпреваруваат 4 селекции на возраст до 20 години, меѓу нив и Македонија и Грција.
Мечот меѓу нашата репрезентација и младинците од Грција ќе се игра утре. Одлуката ќе треба да ја донесе Европската ракометна федерација (ЕХФ), под чија надлежност е ова натпреварување.
Слично сценарио е многу веројатно и за јунскиот двомеч меѓу сениорските селекции на Македонија и Грција за настап на Светското првенство во Катар.
Извор: republika.mkСега се работи за квалификациите во ракомет што од денеска ќе се играат во Скопје, а ќе се натпреваруваат 4 селекции на возраст до 20 години, меѓу